АЊА ВЕТЕРОВА ЌЕ СТУДИРА НА ПРЕСТИЖНИОТ МУЗИЧКИ КОЛЕЏ ВО БОСТОН: На „Беркли“ одам по нови предизвици

За младата поп-пејачка Ања Ветерова (18) вчера беше најсреќен ден. Таа ја доби веста дека е примена на престижниот музички колеџ „Беркли“. Од есенва, за Ања започнува нов возбудлив период. Таа ќе се пресели во Бостон и ќе започне со изучување на пеење, компонирање и музичка продукција. [caption id="attachment_15307" align="aligncenter" width="651"] Летоска во Бостон, мојата аудиција, професорката ме пречека со прашањето: што бараш на летен камп кога си примена на „Беркли“ и тоа со стипендија.- Ања Ветерова[/caption] Очекував да ме примат затоа што аудицијата ја имав на втори декември лани во Валенсија, Шпанија. А поканата за дојде по завршениот успешен летен камп на „Беркли“ во Валенсија каде што бев минатото лето. Од тогаш, од кога го почнав моето патување со „Беркли“ знаев дека таму сакам да студирам, и да се усовршувам, затоа што таму бев опкружена со музика, со музичари, студенти, професори и познати уметници кои што ни држеа семинари. Тоа ми се потврди и летоска во Бостон, каде што по мојата аудиција на почетокот, за да видат на кое ниво да учам и во кои ансамбли да ме стават, професорката ме пречека со прашањето: што бараш на летен камп кога си примена на „Беркли“ и тоа со стипендија“, раскажа Ања за „Женски магазин“. Сепак, според правилата на колеџот, одлуките за тоа кој ќе студира таму се соопштуваат откако ќе поминат сите аудиции во целиот свет, на крајот на јануари. Овој ден јас и моето семејство го чекавме со нетрпение, затоа што знаевме дека имам стипендија но не знаевме во која висина е. За Бостон одам на крајот на август или во септември зависи кога почнува семестарот. Со Господ напред, очекувам многу и ќе дадам се од себе тоа да си го остварам. Оставам на времето“, додаде Ветерова. [caption id="attachment_15308" align="aligncenter" width="649"] За Бостон одам на крајот на август или во септември зависи кога почнува семестарот. Со Господ напред, очекувам многу и ќе дадам се од себе тоа да си го остварам[/caption] На музичката сцена, таа не активна речиси една година, но вели дека пред да замине за Америка на нејзината публика ќе и подари најмалку една, а можеби повеќе песни. „До сега бев посветена на училиштето, и таму ми беше паметот, но сега веќе е полесно кога знам каде ќе продолжам. Ми останува успешно да го завршам средното училиште и да тргнам напред одморена, со нови сили во нови предизвици“, ни изјави Ања, која е ученичка во приватното средно училиште „Нова“. Публиката ја запозна по настапот на детскиот Евросонг во 2010 година со песната „Ео“, кога имаше 11 години. Неколку години подоцна, Ања имаше неколку учества на домашните фестивали, а последен нејзин сингл е „Рамбамбам“ од авторот Дарко Димитров. На прашањето дали е вљубена, таа одговори: да, вљубена сум во музиката“. За Женски Мaгазин, Милица Џаровска