Беа родени еден за друг, а сите им предвидуваа пропаст
Беа родени еден за друг, а сите им предвидуваа пропаст

Беа родени еден за друг, а сите им предвидуваа пропаст

Актерката Лорен Бакал беше 25 години помлада од својот сопруг Хемфри Богарт.

Бидејќи се ближи Свети Валентин, ќе ви ја раскажеме нивната љубовна приказна.

„Беше тоа љубов на прв поглед, иако секогаш си велев дека нема шанси да бидам со оженет маж. Додека не го запознав, мислев дека е необразован и површен, а потоа ме изненади. Беше интелигентен, духовит, имаше смисла за хумор, често се смеевме“- рече актерката.

Таа на 20 години се омажи со актерот кој беше познат по филмот Казабланка.

Тој тогаш имаше 45 години и зад себе имаше три брака.

Против него беа сите, и филмската индустрија, и јавноста и нејзината мајка.

Мајката на актерката сметаше дека не е во ред, нејзината ќерка да биде со постар, оженет алкохоличар.

Но, хемијата беше силна меѓу нив и тие и покрај се одлучија да бидат заедно.

Нивните состаноци биле кратки и дискретни, а си пишувале и љубовни писма.

На снимањата тој и помагал затоа што била неискусна, се смеел со неа, и станал ментор.

„Ни самата не знам како тоа се случи, беше незабележително“- рече таа.

Кога се развел со сопругата, се оженил со младата актерка, а таа на вечавката треперела. Колената и трепереле затоа што актерот изгледал рането и бил згоден.

Во бракот добиле две деца, син и ќерка, и живееле во Лос Анџелес.

Таа излегувала и сакала да биде видена, а нему тоа заради годините веќе му било здодевно.

 

Create Account



Log In Your Account