Близнаците добиваат нормални услови за живот
Близнаците добиваат нормални услови за живот

Близнаците добиваат нормални услови за живот

Откако А1он  ја објавија тажната приказната за лошата состојба во која се наоѓа семејството Зафировски, како и условите од куќата во која живеат, скопска градежна фирма се пријави да донира градежен материјал и останати потребни средства за изградба на тоалет и санирање на покривот на руинираната куќа во Долно Лисиче.

До сега близнаците кои се оставени од нивните родители, бабата и дедото ги бањаа во корито. Никогаш немале тоалет.

Покрај ова, банкарската сметка на Веле Зафировски, дедото на Тео и Тони е одблокирана преку донациите на граѓаните со што минусот на трансакциската сметка е сведен на нула. Жена во банка го платила долгот од 23.000 денари по што сметката сега е функционална.

Многу граѓани, по објавената сторија на А1 он, одлучија да овозможат овие дечиња конечно да добијат безгрижно детство.

Create Account



Log In Your Account