(ФОТО) Божиќна икебана со свеќа
(ФОТО) Божиќна икебана со свеќа

(ФОТО) Божиќна икебана со свеќа

Можеби малкумина знаат за оваа уметност, но оние кои не знаат за икебана е дека потекнува од Јапонија и претставува уметност за правење декорации со цвеќиња. Бидејќи се наближува Божиќ, а верувам голем дел од вас уживаат во божиќните декоративни свеќници. Затоа земете декоративни гранчиња, цветови, шишарки, лепило, лента, свеќи и по некој украс и направете божиќна икебана.

Започнете со гранчињата, свиткајте ги во полукружна или кружна форма. Ако ставате две гранчиња или пак кога ќе ја поврзете едната, земете жица или самолеплива лента да ја поврзете.

Потоа продолжете со декорирање, лепете цветови, шишарки, листови. Можете и да ставите божиќен цвет како декорација или пак некаков украс.

Доколку отворот е поширок, можете со декоративна лента да намотате околу свеќите. Ставете ги свеќите во средината на икебаната. Наместете ги икебаните во вашата соба како декор, или искористете ги како декор на вашата трпеза.

 

За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Create Account



Log In Your Account