(ВИДЕО) Направете посебна божиќна атмосфера: Украсна салфета, свеќа и пегла е се што ви треба!
(ВИДЕО) Направете посебна божиќна атмосфера: Украсна салфета, свеќа и пегла е се што ви треба!

(ВИДЕО) Направете посебна божиќна атмосфера: Украсна салфета, свеќа и пегла е се што ви треба!

За да направите божиќна атмосфера не секогаш ви се потребни многу пари, туку идеја и креативност. За оваа постапка ви требаат само неколку предмети и малку снаодливост.

Не секогаш е едноставно да се смисли добар начин за украсување на домот без да потрошите многу пари, но и тоа е можно. Ви донесуваме интересна идеја на украсување на свеќи. Потребна ви е дебела обична восочна свеќа, украсна салфета, пегла и ножици.

Со ножиците исечете го мотивот или целиот дел од украсната салфета кој го сакате па замотајте го околу свеќата. Со пеглата притискајте ја салфетката околу свеќата како што е прикажано на видеото подолу. Восокот ќе ја впие празнината и салфетата совршено ќе се поклопи со свеќата. Вашата уникатна свеќа ќе биде готова за секунда.

Ви преостанува само да ја запалите и да уживате.

Деталната постапка погледнете ја добро во видеото.

Create Account



Log In Your Account