ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?
ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. „Женски Магазин“ ја стартува рубриката „Викенд интермецо“, саботен серијал преку кој ќе уживате во македонските хитови, но и ќе дознаете како истите настанале.

Изборот го прави Ѓорге Стојанов.

„Во бестрага“ (Дарко Гелев-Брејк)

Уште еден текст на Џамбазов. Автор е Никола Перевски-Пере кој редовно ја свири на настапите со својот матичен бенд „Нокаут“.

– Првите тонови долго време владе со мене и ми се мотаа во глава. Песната ја напишав кога имав 19 години. Франц беше вклучен како коавтор. Џамбазов само што ја слушна, преку ноќ го напиша текстот и ја снимивме во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски. Брејк ни беше првиот избор, најмногу поради специфичноста на неговиот вокал. По првиот анплагд-концерт на „Нокаут“ кога Игор ја отпеа песната, продолживме редовно да ја свириме на концертите со бендот–раскажа Пере пред неколку години.

Create Account



Log In Your Account