Вип по повод новиот концепт на продажни салони со подарок за корисниците
Вип по повод новиот концепт на продажни салони со подарок за корисниците

Вип по повод новиот концепт на продажни салони со подарок за корисниците

Вип ја модернизира својата продажна мрежа и го објавува комплетно новиот лик на дел од своите продажни салони со целосно нов концепт на уредување и пристап на продажба. По тој повод сите посетители кои на 14.02.2018г., токму во овие реновирани продавници ќе активираат или обноват договор за мобилни услуги имаат можност да добијат подарок, Xiaomi Mi Mix 2 (Шаоми).

Новиот концепт претставува модерен и урбан простор кој овозможува поблиска комуникација на персоналот со клиентите што е во согласност со една од целите на Вип – да обезбеди што подобра услуга за своите корисници. Досега, ова ентериерно решение е имплементирано во трговските центри City Mall и Vero Jambo во Скопје, Palma Mall во Tетово, како и во продажниот салон во центарот на Тетово.

Уредени според светските архитектонски трендови за современи комерцијални објекти, овие продажни салони на Вип се прилагодени на потребите на корисничките навики непосредно и преку дигитални алатки да ги препознаат производите и услугите што ги бараат и на тој начин уште полесно и поедноставно да го направат вистинскиот избор за комуникација. Дополнително, за прв пат во салоните на Вип корисниците добиваат можност самите да реализираат електронско плаќање на сметка преку едноставно користење на уредот сместен на еден од најпристапните делови во просторот на салонот.

Во рамките на официјалното претставување на новиот концепт, што ќе се случи на 14 февруари, Вип подготви подарок за најсреќните посетители кои токму на овој ден на едно од овие продажни места ќе активираат или обноват договор за мобилни услуги на 24 месеци добиваат ексклузивна можност да учествуваат во извлекувањето и да добијат како подарок еден од четирите најнови смарт – телефони  Xiaomi Mi Mix 2.

Шаоми брендот кој брзо прерасна во светски хит помеѓу производителите на смарт-телефони, со исклучителен квалитет во својата класа и одлични цени, помеѓу операторите може ексклузивно да се најде во продажните салони на Вип.

Подароците Xiaomi Mi Mix 2 ќе бидат доделени по случаен избор, а најсреќните корисници ќе бидат објавени на Вип Facebook профилот, на 16.02.2017г.

Ентериерното освежување во продажна мрежа на Вип, која брои 31 салон низ целата земја, ќе продолжи и во наредниот период.

Повеќе информации можете да најдете на www.vip.mk

Create Account



Log In Your Account