Влијанието на странскиот јазик врз нашиот мозок
Влијанието на странскиот јазик врз нашиот мозок

Влијанието на странскиот јазик врз нашиот мозок

Новите истражувања покажуваат дека размислувањата на странски јазик го исцрпуваат мозокот и ја намалува неговата способност да формира ментални слики.

Заклучокот на истражувањето кое го направиле психолози на Универзитет во Чикаго е: Нашите ментални слики се менуваат кога размислуваме на странски јазик.

Истражувањето е направено на 359 личности, чиј мајчин јазик е англискиот, но кои истотака зборуваат и шпански.  Учесниците биде поделени во две групи, на едната упатствата им биле кажани на англиски, а на другата на шпански јазик.

Во шест, од осум категории, учесниците своите задачи ги извршиле на другиот јазик, објаснувајќи дека нивните ментални слики се помалку живописни од оние задачи кои ги извршиле на својот мајчин јазик.

Во група од 307 личности, чии мајчин јазик е кинескиот, а добро зборуваат и англиски, било побарано да решат тест со реченици кои бараат визуализација. На пример, од нив било побарано да кажат кои од зборовите „молив“ или „печурка“ има најразличен облик.

На едната половина зборовите им биле кажани на англиски, а на другата на кинески.Оние кои го користеле другиот јазик покажале полоши резултати  од оние кои го користеле мајчиниот јазик.

Во последните години се повеќе има докази дека странскиот јазик влијае на искуствата кај луѓето.

 

Create Account



Log In Your Account