Вог откажува соработка со Марио Тестино поради обвинувањата за злоставување
Вог откажува соработка со Марио Тестино поради обвинувањата за злоставување

Вог откажува соработка со Марио Тестино поради обвинувањата за злоставување

Фотографите Марио Тестино и Брус Вебер се суспендирани од работењето со модни списанија, вклучувајќи го и „Вог“, поради тврдењата дека принудувале машки модели и асистенти на секс.

Серија тврдења беа објавени против двојката во една статија во Њујорк тајмс.

Вебер ги негира тврдењата, додека адвокатите на Тестино објавуваат дека обвинувањата „не може да се сметаат за сигурен извор“.

Издавачот на „Вог“, Конде Насте, соопшти дека нема да работи со мажи „во догледна иднина“.

Ана Винтур, која е главен и одговорен уредник на „Вог“, во соопштението објави дека наводите биле „тешки за слух и срце“.

Во одделна изјава, Главниот извршен директор на Винтур и Конде Насте – Боб Сауерберг исто така рекоа дека тие се „длабоко загрижени“ од обвиненијата.

По Холивуд, сексуалните злоупотребувачи се бараат во модниот свет

Пред неполни два месеци, манекенки раскажуваа за недоличното однесување на фотограф на снимањето едиторијал. Сега 13 манекени и асистенти го обвинуваат познатиот Тестино дека мастурбирал пред нив. Тие во прилогот објавен во Њујорк Тајмс го обвинуваат дека ги напаѓал каде ќе стигнел, на улица, во автомобили, авиони…

Роман Барет кој му бил асистент во деведесеттите, раскажува дека Тестино се однесувал ужасно секаде.

Create Account



Log In Your Account