,

Годината ќе мине, денот никако – Досие Жарко Лаушевиќ

Сега знам зошто некој пишува во затвор. Тоа е длабока потреба да се докаже некаде, и покрај тоа што е врзан. Да гледа и со згазнато светло. Да се движи и со фатени нозе. Гладен да си го гали стомакот. Да пркоси на затворската логика“.  Вака пишува Лаушевиќ во неговата книга „ Годината ќе мине, денот никако . Прославениот актер низ својот горчлив дневник на затворските денови, ги разоткри моментите од неговата бурна биографија. Неговата кариера беше навистина импозантна и возбудлива. Животот пак го донесе до еден зол момент на судбината. Кога имал 16 години посакал да стане актер. Својот сон го реализирал на 22 години, кога ја одигрува својата прва филмска улога. Играл во над 40 театарски претстави и скоро 50 филмови, меѓу нив и „ Офицер со ружа , за кој доби награда за главна машка улога во Пула. Глума дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград. 1993 година тој и неговиот брат биле нападнати од група хулигани. Жарко со неговиот пиштол усмртил дел од нив. Осуден е на 15 години затвор поради двојно убиство. По излегувањето од затвор ја напушта својата родна земја и се сели во САД. Во САД е уапсен поради престој без виза. За неговиот живот направен е филмот Лауш, по идеја, сценарио и режија на Бранка Бешевиќ Гајиќ. Вечерва во Скопје, на фестивалот Киненова, Лаушевиќ ќе го добие специјалното признание за особен придонес во филмската уметност.