Голема тајна за луѓето кои плачат додека гледаат филм
Голема тајна за луѓето кои плачат додека гледаат филм

Голема тајна за луѓето кои плачат додека гледаат филм

Признавам: плачам додека гледам филмови… додека читам книга, додека слушам музика.

Рака на срце, луѓето кои плачат додека гледаат филм имаат нешто што останатите го немаат – емпатија.

Посебен тип на луѓе поседуваат емпатија. Многу луѓе нарцисоидни особи и социопати на пример се родени без неа и цел живот живеат без да се стават во положба на другите. Тие неможат да почувствуваат ништо спрема другите луѓе а тоа секако не е добра работа.

Потребна е голема енергија да се грижите за другите луѓе и нивната ситуација. Животот е суров кон некои луѓе, а ако сте во можност да се ставите на нивно место и да ја почувствувате нивната болка, тоа зборува многу за вас.

Вие секако ја осеќате таа болка ама сте доволно силни да ја издржите. Вие сте доволно силни да бидете силни и за другите и имате можност да го почувствувате тоа што тие го чувствуваат.

Грижата за другите луѓе никогаш не е слабост па ни тогаш кога се работи за лик во филм. Тоа покажува дека имате срце, срце кое може да се скрши за друг. Иако може да ви се скрши срцето, свесни сте дека до крајот на филмот може пак да го составите.

Можноста за брзо оздравување зборува нешто друго за луѓето кои плачат додека гледаат филм:

Тие се доволно силни и паметни ја одвојат реалноста од фикцијата.

Секако, тоа не е единствената причина зошто луѓето плачат додека гледаат филм. Солзите течат, затоа што и вие сте го доживеале тоа што го доживува ликот во филмот – болни се солзите од сеќавањата.

Понекогаш е катарзично да гледаш филмови во кои луѓето преживуваат исти работи кои и ние ги имаме доживеано, едноставно затоа што тоа ни овозможува на здрав начин да се ослободиме од некои скриени емоции.

Потоа, има еден вид на солзи кои течат кога всушност сте под голем уметнички впечаток од генијалниот филм. Тоа не е само она што претенциозните луѓе го прават. Тоа се нарекува Stedhal синдром, тоа значи дека уметничкото дело може да ве донесе до точката да почувствувате физички и емоционални симптоми.

За вистински емотивните луѓе гледањето добар филм, слушањето добра емисија па и читањето добар стрип, може да биде добар тест за задржување на мирниот израз на лицето. Исто така може да биде како возење на вртелешка – ви кажува да се соочите и да ги прифатите емоциите кои повеќето други ги игнорираат.

Ако мене ме прашувате, тоа бара многу енергија. Можеби тоа не е вид енергија каква што повеќето луѓе ја замислуваат, кога мислат на силна особа, ама тоа е најважната емоционална сила – емпатија.

И ако неможеме да подигнеме тег од 100 кг. Ги истражуваме нашите емоции, а тоа може да го подигне нашиот дух, повеќе од било што.

Поврзани написи

Create Account



Log In Your Account