Го пиел овој пијалок секој ден и живеел 152 години!
Го пиел овој пијалок секој ден и живеел 152 години!

Го пиел овој пијалок секој ден и живеел 152 години!

Долго се сметаше дека Норвежанките му ја должат својата убавина на овој пијалок. За долг и квалитетен живот советуваше дури и почитуваниот доктор Пааво Ариола.

Доказ дека сурутката е чудотворна е и Олд Томас Пар, скромен англиски селанец кој доживеал 152 години. Бил познат по тоа што пиел сурутка секој ден.

Состав и лековитост на сурутката

За исхраната оваа намирница е прикладна од зачнувањето се до длабока старост. Дури и поради сличноста на мајчиното млеко може да се користи наместо млеко во исхраната на доенчето.

Сурутката во изворен облик е течност која содржи помалку од 1 одсто белковини и преку 93 одсто вода. Главна состојка на сурутката се калим, натриум, махнезиум, ффосор, железо, цинк, бакар, кобалт, манган, витамини , вредни ензими и аминокиселини.

Само 26 калории содржат сто грама сурутка, поради што е посебно погодна за слабеење.

Најздрав пијалок за болниот црн дроб

Чист црн дроб е клуч за добро здравје, а сурутката е моќен чистач на црниот дроб. Ако боледувате од  било каква болест на црниот дроб, редовно пијте сурутка. Таа содржи бета-лактоглобулин кој го снабдува организмот со аминокиселини наречени BCAA, кои значајно помагаат кај напредуваните болести.

Заболените од цироза суплементирањето со BCAA им помага да живеат подолго и поквалитетно, тврдат експерти.

Алфа-лакталбумин кој содржи сурутка, обилува со есенцијална аминокиселина триптофан познат по регулирањето на сонот и подобрување на расположението. Тој е богат имуноглобулин и лизосом кој го зајакнува имунитетот, што е многу корисно кај хроничниот хепатитис. Воедно содржи и противвоспалителен лактоферин, состојка од непроценлива важност која го штити телото од воспаленија и токсини. Нивото на цистеин е многу ниско кај заболени од хепатитис Ц, што го влошува оштетувањето на црниот дроб.

Имено, глутатионот е моќен антиоксиданс кој помага кај проблеми со штитната жлезда, хронични воспаленија, рак, склероза и Паркинсова болест.

За издржливост и слабеење

Ако интензивно се занимавате со спорт, се обидувате да ослабнете, под стрес сте или боледувате од тешка болест, сурутката би требало да биде дел од вашето секојдневно мени. Сурутката обилува со електролити, одлично го хидрира телото, му дава повеќе енергија па е многу покорисно од штетни енергетски пијалоци.

Сурутката е главна сировина за произведување на протеини кои се, како што е познато, неизбежен дел од исхраната на секој спортист и конзумирањето на сурутката овозможува побрзо оправување и раст на мускулите после вежбање, го намалува апетитот и го поттикнува слабеењето.

Воедно допринесува и за нервното здравје бидејќи ја намалува глукозата во крвта и крвниот притисок, покажуваат истражувањата. Склоноста кон модерен живот како дебелина, висок притисок, замор и стрес можете да ја ублажите со редовно конзумирање на сурутка.

Народен лек за варење

Млечната киселина која ја поседува сурутката го намалува прекумерниот број на габични и бактерии во цревата, а нејзиниот низок „PH“ ја поттикнува нивната работа.

Се препорачува редовно конзумирање кај затворена столица, надуеност, грчеви, дивертикулитис и хрнични воспаленија на цревата.

Овој стар народен лек може значајно да помогне кај:

хроничен замор стрес од дебелина прејадување висок притисок намален имунитет, непријатност во стомакот црн дроб Кандида чистење на телото од отрови

Подготовка и примена на сурутката

Најдобрата работа кај сурутката е тоа дека можете и сами да ја направите од сирово домашно млеко или да ја купите на пазарите или во продавници на еко-храна или пак да ја набавите кај локални произведувачи. Козјата сурутка е најдобра, но добра е и кравјата. Најважно е дека се работи за животни од пасишта кои не се „пумпани“ со хормони. Од 10 литри млеко во просек се добива еден килограм сирење и девет литри сурутка.

Затоа што има диуретични својства, сурутката во почетокот се препорачува да се пие умерено, но можете и да ја пиете трипати дневно по 1,5 децилитри, а постепено оваа доза може да ја зголемите и до литар дневно.

Ако имате проблеми со варењето, само измешајте лажичка сурутка во чаша вода и испијте пред секој оброк.

Сурутката освен за лекување може да ја користите и за надворешна нега на кожата и косата, во подготовка на пекарски производи и во исхрана на домашни животни и домашни миленици.

Create Account



Log In Your Account