Денес е последната Полна Месечина за годината - Замислете ги своите желби!
Денес е последната Полна Месечина за годината – Замислете ги своите желби!

Денес е последната Полна Месечина за годината – Замислете ги своите желби!

Оваа ноќ, 3 декември, ќе имаме шанса да ја видиме најголемата Супер Месечина за 2017 година.

Супер Месечината во декември ќе биде најголема и најсветла бидејќи орбитата на нашиот природен придружник ќе биде најблиску до Земјата.

Месечината во неделата вечер ќе изгледа 7% поголема и 16% посветла од вообичаеното. Тогаш нејзината орбита ќе биде само 357.987 км од Земјата.

Разликата во осветленоста и очигледната големина е само неколку проценти, но полната месечина така станува уште попријатна за набљудување. Вреди да ја видите. Тоа ќе биде четвртата Супер Месечина за 2017 година.

Енергијата на Супер Месечината може да ни користи ако ја употребиме правилно. Таа може да го зголеми нивото на позитивна енергија околу нас.

Денеска не влегувајте во расправии, не се лутете. Полна месечина е време кога треба да бидете мирни. Ова е време кога треба длабоко да дишете – морате да ги доживеете тешкотиите и да им простите на другите.

Обидете се да одржувате рамнотежа и добра енергија.

Се разбира, треба да размислувате позитивно, особено за време на полна месечина. Денес е време да си замислите како се исполнуваат вашите соништа. Времето на полна месечина е одлично за исполнување на желбите!

Таа ви дава голема енергија, медитацијата ќе ви помогне многу.

ФОТО:Thinkstock

Create Account



Log In Your Account