ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ВАС: Ова е најдобриот град за забава
ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ВАС: Ова е најдобриот град за забава

ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ВАС: Ова е најдобриот град за забава

Благодарение на многуте ресторани и барови, Чикаго по втор пат е на врвот на листата за најзабавни градови според британскиот магазин за култура и забава „Тајм Аут”.

Според анкетата направена со 15.000 лица во 32 градови од Суидад де Мексико па сè до Банкок, од кои се барало да ги рангираат градовите според храна, пијалак, култура, пријателски односи, пристапност, забава и живот, Чикаго го зазема првото место.

„Овој град им нуди на посетителите огромни можности за храна и пијалаци, забава и културни искуства на секој агол”- вели Морган Олсен, уредник на магазинот Тајм Аут Чикаго.

После Чикаго, следуваат Порто, Њујорк, Мелбурн и Лондон.

Create Account



Log In Your Account