Детето треба да спие со мајката до неговата четврта година
Детето треба да спие со мајката до неговата четврта година

Детето треба да спие со мајката до неговата четврта година

Доктор Нил Бергман смета дека за правилен развој на детето, во првите недели од неговото раѓање новороденчето треба да спие со мајката. Истотака, тој смета дека децата до 3 или 4 години треба да спијат со мајката во ист кревет.

„Ако спијат разделени, мајката и детето потешко се поврзуваат, а тоа влијае  на мозкот на бебето“, вели доктор Нил.

Следејќи 16 новороденчиња, Бергман забележал дека бебињата кои не спијат во ист кревет со нивната мајка спијат многу полошо.

Некои истражувања покажуваат дека заедничкото спиење го зголемува ризикот од смртта во креветче, но доктор Нил вели: Смртта во креветчето може да биде предизвикана од цигари, алкохол, опасни играчки.

Британска организација го поддржува заедничкото спиење под условите родителот да не пие, да не пуши, да не се дрогира или да не се болни или уморни.

Create Account



Log In Your Account