Државата му плати за камбек, од Ќироски ни трага ни глас
Државата му плати за камбек, од Ќироски ни трага ни глас

Државата му плати за камбек, од Ќироски ни трага ни глас

На Стевче Ќироски како „истакнат изведувач“ државата му одобрила 12.000 евра во рамките на контроверзниот Закон за поддршка на домашната музичка продукција на конкурсите реализирани во 2014 и 2015 година. Пошироката јавност овој кантавтор го знае како Стив Кироски, поранешен вокалист на групата „Куку леле“ кој во 90-те години на минатиот век со Роберт Садзов ги сними хитовите „Стамбол со се Бардовци“, „Судија“ и „Славеј ми на гранка пее“, тема во која партиципираше и еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Дарко Панчев.

Стив го отпеа хитот на „Куку леле“, темата „Стамбол со се Бардовци“

На Стив му се исплатени музички субвенции како комплетен автор и изведувач на четири песни меѓу кои е и композицијата „Не можам без тебе“ со која ја афирмира историјата на Македонија. Ниту едно од овие дела не е достапно за публиката. Половина од парите се наменети за визуализирање на нумерите, а продуцентот на спотовите, познатиот музичар Александар Ристовски-Принц, минатата недела во интервју за „Женски Магазин“ призна дека истите стојат во архивата на МРТВ.

– Од Стив ги имам сите спотови, но не сум јас тој што треба да ги објавам. Самиот Стив се разочара, мислеше дека МРТВ тоа ќе го стори за него бидејќи живее во Австралија. Искрено, подобро продуцирани македонски песни не сум работел. Звучат светски и спотовите се сосема пристојни – ни изјави тој.

Пред шест години, Стив кој живее и работи во Австралија имаше обид да се врати на голема врата на македонската поп-рок сцена. Во тој период сними неколку песни на македонски јазик и најави соработка со врвни светски продуценти, но истите поминаа незабележително кај слушателите. Во декември 2013 година, на покана на Роберт и Панки, Кироски беше специјален гостин на предновогодишниот концерт на неговиот поранешен состав.

Со Роберт Саздов сè уште се блиски пријатели

За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов

Поврзани написи

Create Account



Log In Your Account