Духот на седумдесеттите во новата колекција на Кокев
Духот на седумдесеттите во новата колекција на Кокев

Духот на седумдесеттите во новата колекција на Кокев

На ревијата која се одржа на 01 ноември во хотелот Александар Палас, во една поинаква атмосфера и со музика од седумдесеттите, модната дизајнерка Тања Кокев ја претстави својата нова ready-to-wear колекција есен-зима 2017/18.

Колекцијата вклучи и неколку couture модели но и машки модели, за прв пат од кога постои брендот.

„Оваа колекција ја посветив на посебноста на секој од нас. Се навратив на модата и општо идејата на седумдесеттите кога начинот на облекување рефлектира став во изразувањето, индивидуалност базирана на природен изглед и различност. Навистина се залагам за различност и во изгледот и во комбинациите, за излегувањето од матрицата во која сите изгледаат исто и за слободата на изразување. Затоа оваа колекција е послободна, со вариетет на комбинации од материјали и форми кои уште повеќе ќе дојдат до израз при комбинациите на индивидуалците кои носат Кокев. Всушност и се инспирирав од тоа како сè ги комбинираат парчињата на ready-to-wear оние кои носат Кокев. Секако, повторно ги користам дизајнерските материјали препознатливи за мене за да го одржам квалитетот. Специфично овој пат е дека во колекцијата вметнав исклучиво црни и сребрени вечерни тоалети, како контраст на шаренилото на останатата колекција и дека за прв пат изработивме и машки модели. Тоа е чекор кој се уште го правам срамежливо, но се надевам дека може да прерасне во нешто поголемо“ вели Тања Кокев.

Комбинацијата на разнолични форми и храброто спојување на материјали ја прави колекцијата посебна, каде духот на седумдесеттите се чувствува и во формите но и во начинот на изразување. Слободно пуштените волуменозни фризури и играњето на сцена дополнително ја збогатија атмосферата. Се чини Кокев останува доследна на стилот, но дозволувајќи слободата се повеќе да ја води.

Режијата традиционално беше на реномираниот Дејан Пројковски, сценографијата на Сергеј Светозарев, а Соња Исмаил со изборот на музика ја раздвижи и сцената и гостите.

Create Account



Log In Your Account