Една земја кафето ќе го прогласи за канцерогено: Научниците со невкусни предупредувања
Една земја кафето ќе го прогласи за канцерогено: Научниците со невкусни предупредувања

Една земја кафето ќе го прогласи за канцерогено: Научниците со невкусни предупредувања

Во следните неколку месеци, Калифорнија и официјално ќе го прогласи кафето за канцерогено, а на јавните површини и во деловните згради ќе има предупредување за тоа.

Различни истражувања за кафето покажале различни резултати-од тоа дека на многумина им е најдраг пијалок има куп користи за здравјето до целосно спротивни заклучоци. Калифорнија уште во далечната 1986 година воведе закон дека секоја година мора да се објави листа од ново пронајдени хемикалии кои предизвикуваат рак, вродени дефекти или штета за репродуктивното здравје.

Во последните 30 години таа листа се проширила дури на 900 хемикалии, вклучувајќи акриламид.

Се ослободува со термичка обработка

Акирламидот е нуспродукт на некои намирници кои се готват со методи кои бараат брза висока температура како што е пржење или печење, според Американската организација за храна и лекови. Истражувањата покажале навистина високо ниво на акриламид во пржени компирови производи, вклучувајќи и помфрит и чипс.

Хемиска материја исто така се ослободува со пржење на зрно кафе,поради што Американското друштво за истражување на рак им советува на луѓето да го намалат внесувањето на кфе, како и житарки и приоизводи од компир.

Акриламидот допринел на класификацијата на СЗО кафето да го одреди како канцерогено пред повеќе од 25 години. Но, во 2016 меѓународната агенција ги ублажила предупредувањата против тој пијалок, а наместо тоа сугерирала дека сите „многу жестоки“ пијалоци се канцерогени.

Сега калифорнискиот суд, а не здравствената организација, одредил утврдување на ризиците од кафето. Инаку акриламидот се претвора во соединение кое може да оштети и предизвика мутации во ДНК, зголемувајќи го ризикот од рак во експерименти на животните, соопштил Националниот институт за истражување на рак.

Недостигаат докази

Меѓутоа, „голем број епидемиолошки истражувања на луѓето не пронашле никаков доследен доказ дека изложеноста на акриламид во храната е поврзана со било кој вид на рак“, стои на страната на Институтот.

Сепак, тоа не ги запрело надлежните во Калифорнија кафето сепак да го прогласат канцерогено, на разочарување на многу луѓе.

Потребно е да се спроведат дополнителни истражувања за да оваа претпоставки на калифорниските експерти евентуално би можела да се докаже, пишува Dejli mejl.

Create Account



Log In Your Account