Елена Велевска: Ме навредуваат, а ме копираат
Елена Велевска: Ме навредуваат, а ме копираат

Елена Велевска: Ме навредуваат, а ме копираат

Ништо не доаѓа преку ноќ, а најголем успех за мене е оној чесниот, со чист образ. Треба да се разграничат некои термини. Има разлика меѓу естрадни уметници и старлети. Но, порано или подоцна сечиј труд излегува на површина, треба само трпение и верба во Бог, порачува популарната пејачка

Елена Велевска на 18 ноември ќе отпатува во Виена каде со нејзиниот колега Душко Георгиевски ќе бидат специјални гости на традиционалната „Македонска вечер“ што ја организираат нашите иселеници во Австрија.

– Ги поканувам сите Македонци да дојдат да се дружиме и да се забавуваме. На репертоарот ќе има традиционални теми, но и модерни фолк-рефрени и се надевам дека со Душко ќе имаме уште една незаборавна ноќ во нашите долгогодишни кариери – вели атрактивната фолкерка.

– Елена Велевска: Најважно е што родителите ме извадија на прав пат. Многу сум горда на нивната поддршка и грижа и благодарна што ме оставија да си го исполнам сонот во едно тешко време. Пред дваесет години пејачка не беше добар избор на професија

Велевска е актуелна со македонската верзија на песната „Недостапна за тебе“ која оригинално ја сними за бугарскиот пазар. Откако потпиша договор со издавачката куќа „Пајнер“, таа редовно гостува во соседната земја и вели дека остварила контакти со значајни луѓе од тамошната естрада.

– Ме прифатија без предрасуди. Музиката отсекогаш ги рушела јазичните бариери и таа е тука да нè сплоти сите на Балканот – нагласува пејачката.

Елена е две децении присутна на сцената. Не крие дека потекнува од сиромашно семејство и признава дека за почетоците на естрадата не ја врзуваат многу пријатни моменти.

– Најважно е што моите родители ме воспитале убаво, ме извадија на прав пат, а јас бев нестрплива што побрзо да пораснам и да можам да пеам. Многу сум горда на нив, на нивната поддршка и грижа и благодарна што ме оставија да си го исполнам сонот во едно тешко време. Пред дваесет години пејачка не беше добар избор на професија–раскажува таа.

Велевска признава дека во меѓувреме околностите се промениле, но дека повеќето од нејзините колеги останале исти. Разочарана е што најмногу ја озборуваат токму оние кои таа ги упатила во овој бизнис.

– Ништо не доаѓа преку ноќ, а најголем успех за мене е оној чесниот, со чист образ. Треба да се разграничат некои термини. Има разлика меѓу естрадни уметници и старлети. Но, порано или подоцна сечиј труд излегува на површина, треба само трпение и верба во Бог – завршува Велевска.

За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов

Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин

Create Account



Log In Your Account