Елена Рафајловска: Човек на ѕидот
Елена Рафајловска: Човек на ѕидот

Елена Рафајловска: Човек на ѕидот

Скржав е човекот

што не љуби жена,

кога збори и зборот му е скржав,

како сиот здив од него да го истиснал,

како да сака да го каже

ама само во глува соба

каде ѕидовите впиваат,

да не го чуеш,

да не чуеш прости ми,

да не чуеш врати се,

да не чуеш згрешив,

да не чуеш дека со тебе

отсега ќе го дели и зборот,

и воздухот

и денот и ноќта

и доброто и лошото

и тагата и среќата

и пријателите

кои досега само за него беа,

Слеп е човекот

што не љуби жена,

и окото му е слепо

што само со крајот

криешкум и набрзина

ја гледа без да ја види,

без таа да види

дека ја видел

во сјајот од зеница

восхит му се крие

па тогаш

и зборот скржав

не треба

Глув е човекот

што не љуби жена,

скржавиот збор за неа

тој самиот не го дослушува

неа не ја слуша

ни дослушува

па така по ѕидот бел

со јаглен црн како црнила

во душата

црта таа човек со уши

да му каже

без да ја чуе,

човек со уста

да го бакне без да ја бакне

и со очи

што не ја гледаат

ниту рацете ја прегрнуваат

и со зборот негов

скржав

кој конечно го разбира

За Женски магазин Елена Рафајловска

(Фото Александар Колов)

Create Account



Log In Your Account