Животна училница // Приказни
Живот во сиромаштија: Да му помогнеме на петчлено семејство да ја преживее зимата
Женски магазин како дел од хуманата новогодишна кампања „12 елки – 12 медиумски приказни“ Ве повикува да донирате новогодишни подароци под елките, кои се наоѓаат на вториот кат во Скопје Сити мол.
44 годишниот Игор од село Сопот, Свети Николе едвај ги издржува трите дечиња (две момчиња на 6 и 5 години и девојче на возраст од 4 години).
И тој и неговата сопруга (30) се невработени и преживуваат едвај во исклучиво лоши услови. Живеат во една соба.
Заборавени од државата, ова социјално загрозено семејство се издржува со земјоделие, исклучиво со двете раце на таткото Игор.
Тие имаат потреба од основни производи (хигиена, храна, облека) за да ја поминат студената зима. За нив и нивните умни дечиња, добредојден е секој новогодишен подарок од хуманите граѓани.
Годината завршува. Сите сакаат крајот да биде полн со љубов. Да донесе убавина за секој од нас. Ние посакавме овие дечиња да се радуваат на новогодишната ноќ, да уживаат во можноста да го разгледуваат своето убаво новогодишно пакетче.
Женски магазин како дел од хуманата новогодишна кампања „12 елки – 12 медиумски приказни“ Ве повикува да донирате новогодишни подароци под елките, кои се наоѓаат на вториот кат во Скопје Сити мол.
Подароците кои ќе бидат собрани за семејството на Игор на крајот од кампањата по 4 јануари ќе бидат однесени во нивниот скромен дом. Ајде заедно да им ги обоиме празничните денови кои следат и да ја покажеме хуманоста на дело.
Ние ги дониравме првите подароци под елките и со тоа апелираме до граѓаните да ја разбудат во себе емпатијата во празниците кои престојат и заедно да ги усреќиме овие три дечиња.
Донирајте и вие. Бидете дел од детската радост за Нова Година. Да им дадеме можност да уживаат во своето безгрижно детство на вистински начин.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=M_oCJt9TxMg