Знаци кои покажуваат дека имате чир на желудник
Знаци кои покажуваат дека имате чир на желудник

Знаци кои покажуваат дека имате чир на желудник

Многу луѓе мислат дека храната предизвика чир на желудник,  а другите тврдат дека го добиле поради стрес. Меѓутоа, тоа не е така.

Ако веќе имате чир на желудник, факт е дека лошата исхрана и стресот ќе придонесат за полошо здравје.

Точно е дека чирот најмногу се појавува поради бактерии. Но, исто така како причина за појава на оваа болест може да биде и долготрајното конзумирање на одредени лекови, како и пушењето.

Ова се симптоми кои покажуваат дека имате чир на желудник:

Болки во стомакот

Болката во стомакот се појавува поради тоа што желудочната киселина, која го нагризува ткивото во желудникот,  така што чирот претставува рана во желудникот или во тенкото црево.

Жиговина

Чир на желудникот може да предизвика киселини. Осим болка, како симптоми се наведуваат и подуеност, киселина во грло, како и жиговина.

Болка во грбот или градите

Чирот во желудникот не предизвикува само болка во стомакот. Тој се поместува, па може да предизвика болка во градите и грбот.

Нагони за повраќање

Чирот на желудникот предизвикува повремени контракции, па доколку стомачните ѕидови се соберат, тоа може да доведо до повраќање.

Крв во столицата

Познато е дека чировите предизвикуваат крварење,а тоа најдобро се гледа на столицата која речиси е црна боја. Тоа е знак дека пукнал чирот.

Што смеете да јадете

За да чирот биде под контрола неопходно е да имате правилен начин на исхрана. Се препорачува да јадете стар леб,  двопек, пченка, пченичен гриз, незачинети пецива, динстано или готвено месо.

За чир на желудник се препорачува и изрендани јаболки, банани, суво овошје, зелка и сок од зелка. Истотака, луѓето може да јадат гриз, пудинг, мед или пак да пијат чај од камилица.

Create Account



Log In Your Account