ИГРАТА КАКО НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО ВО РАЗВОЈОТ КАЈ ДЕЦАТА
ИГРАТА КАКО НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО ВО РАЗВОЈОТ КАЈ ДЕЦАТА

ИГРАТА КАКО НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО ВО РАЗВОЈОТ КАЈ ДЕЦАТА

  • „Дарко! – време е за ручек!“
  • „Чекај уште малку“…

Погледот ми бега накај мојот син, кој опколен со играчките создава некој нов свет, нова димензија во која слободно го изразува своето мислење, си создава можност, изразува задоволство или се лути за нешто. Прекрасна глетка, ја обогатува душата. Размислувам за играта, за нејзините безгранични можности, за нејзиното влијание врз децата, врз процесот на учење…

Играта во детството е активност која ги активира сите страни на детската личност. Таа претставува форма на организација на животот и активностите на детето. Во реалниот живот детето не е рамноправно со возрасните. За возрасните детето е само – дете. Во играта децата создаваат свој имагинарен свет во кој дејствуваат како што возрасните тоа го прават во стварноста.

Детската активност во играта е специфична, создавачка. Низ играта децата ги откриваат своите можности, развиваат способности и вештини, стекнуваат искуства, учат и создаваат. Играта ја поттикнува фантазијата и креативноста. Играта секогаш е поинаква, неповторлива. Врзана е за детската природа. Во играта детето се ослободува од напнатоста, опуштено е, смирено и креативно, затоа што во играта се е дозволено, слобода, избор, одлука.

Играта е посебен облик на учење. Детето има потреба да го разбере светот кој го опкружува. Играта создава услови за формирање на емоционално стабилни, социјализирани креативни личности.

Затоа драги родители играјте си со своите деца, но научете да стоите на страна и да не се мешате во детската игра, која е водена и мотивирана од самото дете. Се разбира дека и вие имате значење во детската игра како катализатори на играта. Не доминирајте во играта, можете со благи сугестии да придонесете играта да се подобри или да скокнете со идеја кога децата ќе покажат страв пред нешто ново.

За Женски МагазинРужица Митровиќ-Дипломиран педагог

Create Account



Log In Your Account