ИНТЕРВЈУ БЕНИ ШАЌИРИ: Долго време сме во општа лудачка состојба

Не постои човек кого сопствената искреност не го чинела скапо, знаејќи дека живееме во свет во кој доминираат итрината, хипокризијата, и бескрупулозноста за да се доде до саканата цел. Јас цврсто одбирав и одбирам да бидам на страната на отвореноста, храброста, чесноста и искажувањето на сопствениот став, така што со мене сите се на чисто. Од „Без мудрости“ на „Макфест“ во 2001 година, преку преработките на домашните рок-класици во албумот „Лектира“, до најновиот хит „Немој да се курчиш“, Бени и „Нон стоп“ се впечатливи музичари на домашната сцена. Иако е рокер во срцето, Арбен Шаќири изјавува дека кај нас воопшто нема никаква музичка сцена, а камо ли рокенрол. Освен со својот бенд „Нон стоп“, Бени може да се пофали и со богат соло музички багаж, како и со заедничкиот албум со Златко Ориѓански „Добро утро, госпоѓо“. Во интервјуто за Женски Магазин, Бени без да штеди зборови раскажува за она што му фали на нашето живеење, и што е она што сме го загубиле како луѓе. Се потсетува на вредностите кои ги научил од покојниот татко, познатиот новинар и уредник во МРТ, Хисен Шаќири, и раскажува за она што со сопругата Лиса ги учи неговите синови, Мик, кој има шест години и Бен, кој е стар неполни четири. За поавтентично да се доживеат зборовите на Бени, интервјуто е пренесено на неговиот оригинален скопски жаргон. Женски Магазин Како поминаа предновогодишните настапи, новогодишниот во МНТ и концертот во Охрид на први јануари? Бени Настапите поминаа одлично, во една баш расположена атмосфера. Сепак луѓето ги погодува таа новогодишна еуфорија и некако се по опуштени и расположени за „џјускање. Моите впечатоци се - баш онака супер, иако во Охрид беше доста ладно на први јануари и почна и дожд да врне, сепак имаше луѓе расположени за журка. [caption id="attachment_12067" align="aligncenter" width="1280"] Голем концерт секако дека ќе направам, затоа што тоа го сакам, ѝ и го должам на мојата публика.- Бени и „Нон стоп“[/caption] Женски Магазин- Што си посака за себе и за своите најблиски и што и посакуваш на Македонија за во оваа, 2018 година? Бени- Секогаш на прво место е она што парите не можат да го купат, а тоа е секако здравјето и внатрешниот мир, а за се останато има решение! На Македонија и го посакувам она што е тешко изводливо кај овој народ: мудроста и паметот кои се одамна загубени по пат! Женски Магазин- Како настана песната „Немој да се курчиш“, кому му е посветена? Бени- „Немој да се курчиш“ настана спонтано, без тенденција да се дојде до некаков хит, со намера да се искаже револт спрема една општа лудачка состојба во која се наоѓаме веќе долго време. За таа состојба не гледам друго решение, освен сите заедно да кренеме глас против идиотскиот набој кој преовладува на овој простор години наназад. Овде луѓето кои се сосема празни, си умислуваат дека се нешто битно, а у суштина се сосема празни и бесцелни во сопствените настојувања да направат нешто или некому нешто да докажат!!! Се работи за колективна хистерија, која вака или онака стана дел од нашиот ментален код, и се разбира дека на тоа лудило мора по било која цена да му се застане на пат, инаку сме на „пут без повратка“. [caption id="attachment_12069" align="aligncenter" width="960"] Татко ми ме научи да бидам чесен и достоинствен, но не и глуп! Му благодарам за тоа! Ништо подобро не можеше да ми остави како аманет.[/caption] Женски Магазин- Во песната велиш: „да си човек не е опасно. Мислиш ли дека се повеќе се губи човечноста во нас и зошто е тоа така? Бени- Најтешко е денес да бидеш и да останеш човек. Преовладаат и други норми на однесување. „Лепо васпитање“ и нормалниот однос кај луѓето станаа реткост и некако сите се претопија во една сива маса без трошка емпатија и емоција, која на крајот и не одликува како луѓе-човек. „Се сјебаа“ сите човечки норми! Станавме зависници од пари и алчност, бескрупулозни во сопствените намери да си ги оствариме своите налудничави цели. Опасно е ова кое што го живееме! Женски Магазин- Во истата песна порачуваш и: „биди храбар, немој да се плашиш“. За тебе е познато дека никогаш не се плашиш твоите ставови јавно да ги искажеш, независно дали се врзани за музика, политика, и животот воопшто. Дали некогаш таа твоја искреност скапо те чинела? Бени - Не постои човек кого сопствената искреност не го чинела скапо, знаејќи дека живееме во свет во кој доминираат итрината, хипокризијата, и бескрупулозноста за да се дојде до саканата цел. Јас цврсто одбирав и одбирам да бидам на страната на отвореноста, храброста, чесноста и искажувањето на сопствениот став, така што со мене сите се на чисто. [caption id="attachment_12068" align="aligncenter" width="1280"] Во Македонија нема НИКАКВА сцена па камоли рокенрол! Можеш ли да замислиш земја во која немаш музичка сцена? Културниот идентитет овде е НУЛА, и сѐ е отидено у бестрага![/caption] Женски Магазин- Зошто го деактивираше твојот приватен Фејсбук профил? Бени- Фејсбук профилот го деактивирав затоа што не можев да се носам со „бљувотините“ кои доминираат на таа мрежа, која требаше да биде нешто сосема друго, а не она во кое што се претвори. Излегоа на виделина сите лудила и демони во главите на луѓето, за кои сметав дека се нормални. Но, таа чудна направа им даде некаква сигурност, за истите тие луѓе да се почувствуваат сигурни и да го извадат на виделина сиот мазохизам кој го носат во себе, сметајќи дека се некако заштитени, а „уствари“ се и тоа како кревки и на ветер. Почна да ми создава нервоза и да ме јаде, и одлучив да прекинам со таа глупост, и да се трошам заради нивната глупост и арогантност. А и нема ништо паметно таму. Женски Магазин- Што е она што најмногу ти недостасува од животот во Скопје порано, што загубивме од некое убаво минато време? Бени- Скопје одамна го загуби својот идентитет, и престана да биде она што беше: центар на убавото дружење и квалитетен ноќен живот на Балканот. Беше отворен град за сите, добронамерен кон своите гости и пријатели, сигурна средина и наше маало за сите нас маалските деца кои пораснавме на оваа калдрма! Ја си го сакам мојот град највише у свет, и не би го мењал за ниеден друг. Никад не го напуштив а можев, ја сум скопско дете и таков ќе останам заувек. Но, моето Скопје се „препричава“ на маса у кафеана и по дома, и останато е таму во легендите. Ова денес е некоја накарадна грдосија, за која што мислам дека нема лек. Не поради немање пари и услови да се преструктуира, туку ги нема СКОПЈАНИТЕ или бар не има мноооогу малку, недоволно за да се направи нешто а и тоа нешто не се решава преку ноќ! Тоа е зајебан процес! [caption id="attachment_12066" align="aligncenter" width="3840"] Фејсбук профилот го деактивирав затоа што не можев да се носам со „бљувотините“ кои доминираат на таа мрежа, која требаше да биде нешто сосема друго, а не она во кое што се претвори[/caption] Женски Магазин- Песната „Љубов“ беше голем хит, а му ја посвети на твојот покоен татко. Што те научи татко ти, има некоја негова девиза која те води во животот? Бени- Татко ми ме научи да бидам чесен и достоинствен, но не и глуп! Му благодарам за тоа! Ништо подобро не можеше да ми остави како аманет. Женски Магазин- Има ли во Македонија рокенрол сцена и може ли од музика пристојно да се живее? Бени- Во Македонија нема НИКАКВА сцена па камоли рокенрол! Можеш ли да замислиш земја во која немаш музичка сцена? Културниот идентитет овде е НУЛА, и сѐ е отидено у бестрага! Женски Магазин- Од кои големи музичари ти учеше и дали и денес ги слушаш? Бени - Секако дека имав различни влијанија во музиката, и дека сите тие мои херои како „Квин“, „Битлси“, „Бед Компнаи“, ТОТО и многу други, и ден денес ги слушам, затоа што добра музика има се помалку. Женски Магазин- Има ли планови и простор, „Бени и Нон стоп“ да одржат еден поголем концерт за повеќе публика? Бени- Голем концерт секако дека ќе направам, затоа што тоа го сакам, ѝ и го должам на мојата публика. Искрено се надевам, а и работам на тоа да се случи оваа година. Женски Магазин- Како ти и твојата сопруга ги воспитувате вашите синови, препознаваш ли твои особини во нив? Бени- Децата ги воспитуваме на еден сосема нормален начин, пред се да бидат нормални и здрави луѓе. Се трудиме да им дадеме и овозможиме што поубаво детство, и понатаму школување кое од нив ќе направи да се чувствуваат сигурни и безбедни во овој суров свет. Затоа што ништо друго паметно и немам, а и не сакам да им дадам или овозможам. За Женски Магазин, Милица Џаровска