Интервју Билјана Дебарлиева: Правото го замени со телевизија

  Убава и насмеана. Спокојна и со перфектна дикција. Така ја препознаваат Билјана Дебарлиева. По професија е правник. Но, правото го замени со телевизискиот екран. Почна случајно, а остана нејзин професионален избор. Сака книги, патувања, па и да свири на клавир. Мајка на две прекрасни деца Ана и Мики. Вљубена во својот сопруг. Билјана ни раскажува за себе денес на Женски Магазин.

Женски Магазин Кој е поголем предизвик за вас на телевизија, вести или емисија?

Дебарлиева Во мојата 24-годишна кариера поминав низ многу ТВ проекти, најразлични емисии, снимање прилози на терен, едукативни, контактни, музички, а секако и информативни, т.е. како презентер на вести. И тоа секогаш било или наизменично или по неколку обврски во исто време во трите медиуми во кои сум работела досега. Во секој случај, барем за мене лично, поголем предизвик се емисиите, затоа што во нив сама го осмислувам она што е финален производ. Само во тој случај можам да ја изразам мојата креативност, да внесам нешто што е мој личен белег. Во презентерството, ако го работиш истото подолг период, барем за мене, станува сувопарно, затоа што го презентираш она што некој друг го смисли и го напишал. Преку емисиите стекнуваме нови пријателства со луѓе од најразлични профили, а при самата подготовка учам и осознавам и нови нешта и работи.

Женски Магазин На телевизиските екрани ве гледаме подолг период. Но, би сакале да ве вратиме на почетоците. Дали се сеќавате на првото појавување? Какви се импресиите? Дали веднаш знаевте дека телевизискиот екран ќе ја дефинира вашата иднина?

Дебарлиева Многу добро се сеќавам и нема да го заборавам 05.09.1993. Тогаш беше всушност и моето прво појавување на телевизискиот екран. Една до две недели, претходно, првпат влегов во Македонската телевизија, како едно изгубено девојченце кое не беше свесно каде влегува и што да очекува од таа прва аудиција. Веројатно такво ми беше чувството, затоа што до тој момент, никогаш не сум ни сакала, а ни помислувала дека јас еден ден ќе се појавам на ТВ. Но, по игра на случајност, никогаш не знаеш што ти носи животот и како ќе се одвива се понатаму, несвесна дека можеби го имам талентот, а уште помалку желбата која веројатно била скриена во мојата потсвест, јас едноставно почнав на тој 5ти септември. Од тогаш до ден денес останав во медиумскиот простор.

Женски Магазин Кој миг од вашата кариера го паметите како посебен? Дебарлиева Многу моменти, настани, проекти биле убави и посебни. Но, кога би требало да издвојам неколку, оние по кои до денес ме паметат и ме поистоветуваат се ТВ Крстозбор и Бебе Магазин. И посебно ми е драго, што и по толку долго време, 10, 20 години, гледачите не ги заборавиле тие емисии. А не ме заборавиле ни мене како лик кој бил добредојден во нивните домови преку малиот екран. Женски Магазин По што го паметите вашето детство? Дебарлиева По многу убави нешта. Релаксирано, среќно детство исполнето со игри, искрено другарство, со многу патувања со родителите, многу заеднички дружења. Кога семејствата поминуваат многу време заедно, кога зборот семејство се негуваше и функционираше во вистинска смисла на зборот. Го паметам моето детство и по преубавите денови и месеци минати во летниот период период кај моите баби и дедо. Таму уживав во селската идила, стекнував многу нови другарчиња, а тие знаеа дека девојчето кое дошло од метрополата не е ништо повеќе од нив. Таа е едноставна, дружељубива, расте и ужива во детството како и секое друго дете. Женски Магазин Како го одржувате својот беспрекорен изглед? Кои се вашите ритуали за разубавување? Дебарлиева Година по година, и јас стигнав до мојата 45-ка. Воопшто не ме плаши оваа бројка. Годините си ги носам гордо, не се откажува од младешкиот дух кој веројатно ме одржува во форма. Генетиката можеби малку вмешала прсти, затоа што никогаш сум немала потреба од некаква постојана и беспрекорна нега. Позитивна сум, секогаш насмеана, не дозволувам лошите работи дел од секојдневието, да ми ја трујат душата. Му се радувам на доброто, а лошото брзо го заборавам. Секако дека ги практикувам ритуалите на секојдневната нега на кожата. Редовната посета на козметичар и консумирањето доволно вода во текот на денот, се дел од нив. Женски Магазин Како се запознавате со сопругот? Како започна вашата љубовна приказна? Дебарлиева Во Охрид, мојот роден град. За време на летниот одмор, сосема случајно се запознавме со сопругот. Јас на гости кај моите братучеткиа тој кај неговите другари охриѓани. И така веројатно требало да биде. Од една сосема случајна средба, тоа прерасна во убава приказна која трае и денес. Женски Магазин Кој од вас е поглем гурман? Кој полесно се снаоѓа во кујна кај вас дома? Дебрлиева Секогаш сум искрена и не се срамам да кажам дека и не сум некој голем љубител на готвењето. Што се однесува до мојот сопруг, тој кога подготвува нешто во кујна, тоа го прави го голем мерак и посветеност, а тогаш јадењето е повкусно. Се разбира, има и одредени јадења кои само јас знам така добро да ги готвам за моите најблиски. Женски Магазин Имате две деца, ќерка и син. Дали некој од нив покажува афинитети кон вашата професија? Дебарлиева Ана комплетно е посветена на економијата, како нејзина професионална определба. Никогаш не покажала интерес или желба за медиумите, дури имаше и мигови кога мојата професија и популарност ги чувствуваше како товар. Донекаде сум и среќа што не ја избра мојата професија. Во денешно време се сменети многу работи, критериумите се изместени, па и новинарството и водителство не се она што биле некогаш. Кај Мики, кој има 13 години, мислам дека насетувам некоја мала искра или желба за телевизија. Но, сѐ уште е рано, времето ќе покаже дали тој можеби ќе биде мојот наследник. Женски Магазин Сакате ли патувања? Што ве релаксира? Како го поминувате своето слободно време? Дебарлиева Си наоѓам одишка од напорниот ден во прошетка, дружење со пријателите, било каде на кафе или некаде на викенд. Некогаш и еден ден надвор од Скопје ми е доволен за да избегам од турканицатасообраќајот и динамиката која со себе ја носи денот. Уживам кога сум во Маврово, кога мирот и тишината ми се најдобри придружници. Го сакам и Охрид во кој било период од годината. Некогаш знам да ужива и да се релаксирам пиејќи сама попладневно кафе дома, ан тераса. Тоа е време со минути само за мене. Добра книга и убав филм, се дел од моето секојдневие. Тие ме опуштаат и релаксираат. За Женски Магазин, Вики Чадиковска