ИНТЕРВЈУ ПРЕД СКОПСКИОТ КОНЦЕРТ, МАТЕ МИШО КОВАЧ: Не и помагам на ќерка ми во кариерата

За мене Ивана пее извонредно. Тотално ја освои Словенија. Мислам дека јас и пречам, затоа што сите оние кои се занимаваат со музика мислат дека таа не би пеела ако не ми беше ќерка. Истите тие сметаат дека јас ја буткам Ивана и дека јас сум ја донел на сцената. Тоа воопшто не е точно. Ништо не сум и помогнал. [caption id="attachment_16890" align="aligncenter" width="648"] Има една песна која ќе се издигне, а тоа е „Не дам гушта свиту“, која и е посветена на мојата сопруга, Лидија.- Мишо со сопругата[/caption] Легендарниот хрватски пејач, Мате Мишо Ковач, на 17 февруари ќе одржи концерт во ВИП Арената во Скопје. Мишо, кој во осумдесетите полнеше и по неколку Универзални сали по ред, во Скопје ќе пее по неполни 25 години пауза. Од 1971 година, Мишо има снимено 28 студиски албуми и 12 компилациски. Роден е во Трибуњ, Далмација во 1941 година, најдрагите песни му се токму оние посветени на родниот крај. Во 1992 година, семејството Ковач доживеа голема трагедија, откако синот на Мишо и неговата тогашна сопруга Анита, Еди, загина на 16 годишна возраст. Иако хрватската полиција објави дека се работи за самоубиство, Ковач и денес тврди дека станува збор за убиство. Откако ја објави „Песна за Еди“ во 1993 година, и одржа конџерт посветен на синот во Сплит пред 50.000 луѓе, тој најави повлекување од музиката. Одржа серија проштални концерти, а повторно сними нов албум во 1999 година, за кој вели дека собрал сила да го објави благодарение на ќерката Ивана. Таа денес е успешна поп-пејачка во Хрватска и во Словенија, а пред четири месеци, ја роди ќерката Елена, чиј татко е нејзиниот партнер Елвир Хасанхоџиќ. По смртта на синот, Мишо и неговата тогашна соруга Анита се разделија. Тој е сега оженет со Лидија Пинтариќ, на која и има посветено песна. Во интервјуто за Женски магазин, Мишо Ковач не сакаше многу да зборува за приватниот живот, а на концертот во Скопје вети добра забава и носталгично сеќавање на старите хитови. [caption id="attachment_16889" align="aligncenter" width="664"] Мишо и Ивана Ковач до сега имаат снимено два дуета[/caption] Женски магазин- Вашата ќерка Ивана лани ве израдува со внуката Елена. Колку ве смени тоа што станавте дедо? Мишо- Не ме смени воопшто. Кога го видов тоа дете бев преплавен со емоции. Ивана е среќна, а малата изгледа прекрасно. Ивана како мајка е супер, многу е грижлива и целата е посветена на своето девојче. [caption id="attachment_16892" align="aligncenter" width="702"] Најмногу ми недостасува моето родно место и Шибеник. Освен нив, многу ги сакам и Сплит и Задар. Всушност ја сакам цела Далмација.- Мишо Ковач[/caption] Женски магазин- Дали жалите што не ја остваривте својата младешка желба и не станавте голман на „Хајдук“? Мишо- Не жалам. Тоа можеше многу лесно да ми се случи ако сакав. Затоа што кога ќе почнеш да тренираш и да играш, кога си млад, мислиш дека можеш се да постигнеш и се да станеш. Женски магазин- Роден сте во местото Трибуњ кај Шибеник. Кој дел од вашата родна Далмација најмногу ви недостига во Загреб? Мишо- Најмногу ми недостасува моето родно место и Шибеник. Освен нив, многу ги сакам и Сплит и Задар. Всушност ја сакам цела Далмација и се трудам да не ми недостига, туку често да ја посетувам. Женски магазин- Како вие како искусен музичар ја оценувате кариерата на вашата ќерка Ивана, која е исто така пејачка? Мишо- За мене Ивана пее извонредно. Тотално ја освои Словенија. Мислам дека јас и пречам, затоа што сите оние кои се занимаваат со музика мислат дека таа не би пеела ако не ми беше ќерка. Истите тие сметаат дека јас ја буткам Ивана и дека јас сум ја донел на сцената. Тоа воопшто не е точно. Ништо не сум и помогнал. Женски магазин- Која е вашата најдрага песна, онаа која има најсилна порака? Мишо- Моите најдраги песни се: „Ако ме оставиш“, „Далмација у мом оку, „Остала си увијек иста“, „Пољуби земљу“, и така натаму. Има една песна која ќе се издигне, а тоа е „Не дам гушта свиту“ (Лидија), која и е посветена на мојата сопруга, Лидија. Женски магазин- По емотивната балада, „Писмо моја“, подготвувате ли нешто ново? Мишо- Таа песна е еден од петте снимени синглови за мојата нова плоча, која ќе се вика исто како и песната „Писмо моја“. За Женски магазин, Милица Џаровска