Испробајте го овој „трик“ и спасете се од желбата за јадење слатко за неколку секунди
Испробајте го овој „трик“ и спасете се од желбата за јадење слатко за неколку секунди

Испробајте го овој „трик“ и спасете се од желбата за јадење слатко за неколку секунди

Кога налетавме на трикот „Слатко-солена визуелизација“ од книгата „The DNA Restart Sharon Moalem“ кој инстантно би требало да ја убие желбата за слатко, не вложувавме премногу надеж во крајниот резултат, но секако, го испробавме бидејќи трае само пет секунди.

За што станува збор?

 

Кога следниот пат пред вас се најде колач, сладолед, торта или слично, а не можете да престанете да јадете, застанете на неколку секунди и замислете дека парчето колач (на пример) е прекриен со крупна и горчлива морска сол и дека сте гризнале од таа сол. Автоматски ќе се појави рефлексот „повраќање“ како реакција!

Зошто?

Иако сакаме солена храна, луѓето имаат аверзија кон претерано солена храна. Тоа се случува бидејќи нашите претци таква храна избегнивале бидејќи била потенцијално отровна, како тврди Шарон Моалем, нуеврогенетичарка и авторка на погореспомнатите книги.

Овој трик можете да го употребите и на други видови храна, не само слатки опции. Шарон дури одела толку далеку што сладоледот го прекрила со едра сол и намерно ставила лажица во уста така да умот полесно и ја запомти негативната реакција на сладолед.

Овој вториот чекор секако ни изгледа претерано, но ништо не ве чини да го пробате првиот!

Create Account



Log In Your Account