И ОФИЦИЈАЛНО: „Spice Girls“ се враќаат на сцена-подготвуваат турнеја
И ОФИЦИЈАЛНО: „Spice Girls“ се враќаат на сцена-подготвуваат турнеја

И ОФИЦИЈАЛНО: „Spice Girls“ се враќаат на сцена-подготвуваат турнеја

Викторија Бекам тврдеше дека никогаш повеќе нема да биде дел од „Спајс грлс“, а нејзината пејачка кариера е во минатото. Но, очигледно, сумата од 10 милиони фунти ја убедиле Пош Спајс да пее повторно.

Бекам на крај се согласила да тргне на турнеја со поранешните колешки од Спајс грлс.

Се очекува турнејата да им донесе 50 милиони фунти на 43-годишната Викторија, 45-годишната Гери, 42-годишната Ема, 44-годишната Мелани и 42-годишната Мелани Браун. Тие веќе потврдија дека ќе учествуваат во телевизиско шоу за таленти во Кина, како и голем број други договори предводени од нивниот поранешен менаџер, Симон Фулер. Во петокот се собраа во домот на Гери во Лондон, каде што се сеќаваа на старите времиња.

„Викторија не сакаше да пее и да танцува повторно со Spice Girls, но нивната средба во петокот ја натера да се сети на старите добри времиња.“

Love u all so much!!! X Such a great day!! Thank u Simon! X VB

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

-Девојките разговараа, се смееја и се сеќаваа на забавата и посебните моменти, Викторија сега е целосно со девојчиња“, рекол извор близок до Бекам за Дејли меил.

Спајс девојките пееја заедно за последен пат на Олимпијадата во 2012 година. Тие повторно ќе се сретнат околу Велигден во Лос Анџелес за да ги разјаснат деталите на турнејата.

 

Create Account



Log In Your Account