КАДЕ ЗИМУВААТ ПОЗНАТИТЕ: Во Бугарија на бордање, во Србија на топла ракија

Бугарските ски центри, а поретко македонските или српските, годинава се најатрактивни за домашните јавни личности. Некои од нашите соговорници се страсни љубители на скијањето, некои на бордањето, некои мразат зима и одат на планина само поради чистиот воздух. Дел од нив место на планина ќе патуваат низ Европа. Неколку македонски пејачи, водители и еден моден менаџер за Женски магазин ја раскажаа својата зимска приказна. САРА МЕЈС, ПОП-ПЕЈАЧКА На Копаоник љубовно, Пампорово со друштво „Бадник и Божиќ ги поминавме на Копаоник. Таму вртевме лепче со паричка, во куќата се падна. Времето ни се погоди, последните три дена имаше многу сонце на патекаПатеките убави, луѓето фини, топли, љубезни, мили. На патеките имаше многу фраерски кафулиња со диџеи и журки. Греено вино, ракија, крофна и пак на патека. И Димитар и јас веќе бордаме солидно и многу е интересно. По патека, одевме во спа центарот на опуштање. Два дена откако се вративме од Копаоник, заминавме во Пампорово. Копаоник љубовно, Пампорово со друштво,“, раскажа Сара за нејзината зимска приказна со сопругот, водителот и ПР менаџер Димитар Атанасовски. ДАНИ ДИМИТРОВСКА- ПОП-ПЕЈАЧКА Секогаш Маврово „Одам во Маврово. Секоја година ми е неизбежно, па и оваа. Ќе одмарам неколку пати по ден-два до крајот на сезоната. Тоа е планот за оваа зима“, изјави Дани која е позната како страстен скијач и љубител на бордање. ТАМАРА ТОДЕВСКА, ПОП-ПЕЈАЧКА Прво зимовање на Хана „Ова ќе биде прво зимување на мојата ќерка Хана која во април ќе наполни две години. Со Хана и Александар на средината а месецов одиме во Боровец. Не сме љубители на зимски спортови, но ќе се санкаме“, раскажа Тамара. ЕЛЕНА РИСТЕСКА, ПОП-ПЕЈАЧКА На зима сум како мечка „Не сум по зимските спортови ниту пак ја сакам зимата. Зимно време сум како мечка во зимски сон, чекам да дојде пролет. Дури на почетокот на февруари ќе одам на едно планинско место во Италија со дел од моето друштво. И едвај ќе чекам да дојде пролет, за да одам во Америка на подолго време.“, ни рече Елена. КРИСТИНА АРНАУДОВА, ПОП-ПЕЈАЧКА Цел месец во Банско „Ви пишувам од Банско. Цел јануари ќе го поминеме тука. Мојот сопруг и постариот син Максим скијаат. Максим скија од три години, а јас се влечам со бордот, хахаха. Уживаме. Матео, помалиот син се санка. Од другата година, можеби и него ќе го качиме на скии“, ни раскажа Кристина, која е во бугарскиот скијачки центар со синовите, сопругот и мајката Мери. ЕЛЕНА СТЕФАНОВСКА- ТВ 24 Сакам снежна романтика „За жал, поради работните обврски оваа година се уште немам направено планови за зимски одмор, што не ми се случило барем последниве седум години. Тоа се должеше и на патувањата кои ги организирав преку емисијата „Живот со стил“ и однапред знаевме каде ќе бидеме. Како вистински љубител на снегот и зимата сигурно ќе си дозволам некој викенд до некој скијачки центар, секако – доколку има снег. Го сакам скијањето, имав обиди за бордање ама тешко ми одеше. Ја сакам планината во зима подеднакво како летото на море, ги уживам сите благодати во зима. Сакам кога пијам греено вино и кога ја гледам таа снежна романтика, покрај топлината од некој камин. Веќе имав еден планински викенд, на Платак во Хрватска пред Нова година“, изјави водителката. АНДРЕЈА ЃОРЃИЕСКИ- ДНК Во Унгарија место на планина „Искрено, ние не сме по зимските спортови, но сакаме да шетаме. Оваа недела, мојата сопруга е на одмор и решивме да одиме неколку дена до Будимпешта и Виена, и ќе ги гледаме сестрите Катја и Мариел Лабеку, врвни пијанистки кои свират класична, фламенко и џез музика“, ни рече Андреј кој е татко на двегодишната Јана. АНКИЦА СТОЈАНОВСКА-МИТРОВСКА, ТВ АЛФА Со турбо друштво во Боровец „Со сопругот Иван и со децата од 19 јануари ќе одиме во Боровец, исто како и лани, со друштво. Сите од друштвото имаат деца и турбо ќе бидеме. Најмногу се радувам поради нив“, ни изјави мајката на триипол годишните близнаци Ива и Марко. ПЕТАР МЛАДЕНОВСКИ- „СУПЕРХИКС“ Тура низ Бугарија „Уживам во бордањето со години. Со семејството сум на одмор во Сапарева Бања во Бугарија. Банско веќе ни дојде премногу, три пати во годината. Ќе скијаме на патеката Паничиште, а со жичарница ќе одиме до Рилските езера на планината Рила. Во план за посета ни се и Боровец, Самоков, Дупница“, изјави Пеце за турата низ Бугарија со сопругата Ели, синот Никола и ќерката Маша. ДЕНИ СТАНОЕВСКА ЏИДРОВА- „АНТЕНА 5 РАДИО“ Во Банско на чист воздух „Да, одиме редовно на планина. Јас порано скијав повеќе, ама од кога се родија децата послабо. Лани повторно се качив на скии, заедно со ќерка ми Миа која лани учеше скијање. Инаку сопругот не скија, тој е одговорен за влечење на санка. И Максим се уште не скија, така што на него главна преокупација му е санката. Инаку, и оваа година повторно ќе одиме во Банско да дишеме чист воздух.“, раскажа шармантната радио водителка. МИКИ ЦРНОКРАК- МОДНО СТУДИО „ЦРНОКРАК Викенди на Шапка и Боровец Викенди на Шапка „Секако ќе одиме на зимување. Ама се уште не знаеме каде, веројатно во Боровец, кој ни е омилен. Сега за сега бевме неколку пати на Попова Шапка, на еднодневно скијање. Шапка како скијачки центар со своите огромни капацитети може многу повеќе да пружи од ова сега, редно е да се направи нешто ново, 30 години ништо не е сменето“, изјави Црнокрак. На зимски одмор, тој ќе оди секако со сопругата Светлана и со ќерките Моника и Нина. ИРЕНА СПИРОВСКА- ТВ АЛФА Планинарење на Титов врв „Иако и јас и ќерка ми Зорица го сакаме скијањето, оваа зима нема да одиме на класичното еднонеделно зимување, туку ќе одиме на викенд скијање на Маврово и на Шапка. Решив да одвојам малку повеќе време на искачување на планините во зимски амбиент и на тој начин да уживам во зимата и во нејзините убавини. Годината ја започнав со искачување на Титов врв (2747 м.н.в), а на агендата се уште многу врвови во земјава, но и во регионот“, вели Спировска. За Женски магазин, Милица Џаровска Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин