Кевин Спејси остана без почесното ЕМИ
Кевин Спејси остана без почесното ЕМИ

Кевин Спејси остана без почесното ЕМИ

Сагата за Кевин добива ново продолжение. Меѓународната академија за телевизиски уметности објави дека ја повлекува одлуката на Кевин Спејси, да му ја додели почесната награда Еми. Ова се случува откако беше откриено дека тој пред повеќе од 30 години се обидел да заведе 14-годишно момче.

Двократниот оскаровец, но и еден од најпочитуваните американски актери требаше да ја добие наградата на посебна свеченост во Њујорк наредниот месец.

„Како последица на најновите настани, Академијата ја повлекува наградата во чест на Кевин Спејси“, се вели во соопштението.

Спејси јавно се извини за своето недолично однесување, додавајќи дека не се сеќава на случката од 1986 година, кога на една забава во Њујорк сексуално го вознемирувал тогаш 14-годишниот актер Ентони Рап.

Create Account



Log In Your Account