Колку шеќер ни е доволно?
Колку шеќер ни е доволно?

Колку шеќер ни е доволно?

Колку шеќер ни е доволно?

Рафинираниот шеќер се додава само во слатки. Барем така си мислиме. Но, вистината е поинаква. Овој шеќер е присутен во месните, млечните и пекарските продукти, како и во сите безалкохолни пијалаци. 74% од процесираната храна содржи рафиниран шеќер. Па дури и да ги исфрлиме слатките од нашето мени, сè уште ќе го внесуваме над препорачаната вредност.

Според законските нормативи, производителите се должи да ги истакнат сите состојки на декларацијата. За жал, индустрискиот шеќер често се додава и под скриени имиња (малтекс, декстроза, сируп од пченка, засладувач од ориз или јачмен). Важно е да знаеме како овие додатоци се однесуваат во организмот. А се однесуваат како и рафинираниот шеќер. Произведувачите не се должни да означат колку шеќер е додаден, а колку има природно на пример во овошје или млеко.

Препорачаните дневни дози на рафиниран шеќер (1 кафена лажица =4 грама шеќер)

  • деца 3 до 6 кафени лажички во зависност од растот и дневните активности
  • жени 6 кафени лажички
  • мажи 9 кафени лажички

Сладок отров

Стручњаците се загрижени во врска со небалансираниот износ, кој може да биде токсичен за црниот дроб еднакво како алкохолот.

Доколку се претера со консумирање на рафинираниот шеќер подолго време, доаѓа до нарушување на рамнотежата за производство на хормоните со кои се нормализира работата на организмот. Со консумирањето на шеќер се покачува нивото на гликоза во крвта што води до ослободување на инсулинот од панкреасот. Превисокото ниво на инсулин води до создавање на масни наслаги.

За да го контролираме слаткиот отров треба:

  • Кога правиме слатки, да ја намалиме количината шеќер за третина или четвртина
  • Да се одберат чоколади со повисок процент какао
  • Природни сокови наместо индустриски
  • Помалку повеќепати процесирани продукти
  • Ако ви паѓа шеќерот, носете со себе урми или суво грозје
  • Децата да се учат да јадат овошја.
  • Слатките направени дома се секогаш подобар избор од индустриските

Create Account



Log In Your Account