Кралицата на модата Кејт Бланшет ги инспирираше русокосите
Кралицата на модата Кејт Бланшет ги инспирираше русокосите

Кралицата на модата Кејт Бланшет ги инспирираше русокосите

Успешната актерка е позната по елегантни и умерени модни комбинации, а кога ќе одлучи да ја крене гардеробата на повисоко ниво, тоа го прави маестрално

Кејт Бланшет моментално се наоѓа во Америка каде го промовира својот нов филм. Фоторепортерите го следат секој нејзин чекор, а пред неколку дена успеале да ја фотографираат во интересна комбинација.

Кејт облекла кошула и панталони во бела боја, додека најсилен ефект добила со тоа сако во популарната светло розе боја.

Нејзиниот порцелански тен, русата коса и стојат совршено на убавата актерка.

Четириесет и осум годишната оскаровка го нагласила целиот стајлинг со чевли и металик детали, а во ист тон е и бојата на ташната.

Таа е позната по нежна и минимална шминка, а гламурозниот детаљ на кој очигледно дека не можела да му одолее, се големите наочари во браон/бордо нијанса.

Create Account



Log In Your Account