Лешник мусли
Лешник мусли

Лешник мусли

За мене појадокот е најважниот оброк во денот. Денот ми почнува со мусли, кои си ги подготвувам дома, а по еден час продолжувам со некој оброк со јајца или сендвич. Сметам дека добар појадок дава многу енергија за целиот ден, но и витка линија.

Кога подготвувате мусли дома, идеите немаат крај. Можете да искомбинирате житарки по желба со јатки, суво овошје и разни зачини.

За денес ви подготвив мусли со лешник.

Потребни состојки:

300 гр. Овес

100 гр. Лешници (непечени)

70 гр. Кокосово масло

50 гр. Мед

2 мали лажички мелен рогач

10 гр. Чиа семе

20 гр. Сирово какао

2-3 зрна кардамом (истолчен)

Вклучете ја рерната на 150 степени целзиусови. Во тавата од рерната ставете хартија за печење. Во подлабок сад ставете ги сите состојки, освен лешниците и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Истурете ја смесата во тавата додадете ги лешниците. Печете 30 минути, а на секои 10 мин промешајте.

Кога ќе бидат готови, оставете целосно да се оладат и складирајте ги во тегла или сад со капак. Консумирајте ги со кое било млеко или грчки јогурт.

Убав ден. 😘

 

 

За Женски Магазин готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account