Леќа со грав
Леќа со грав

Леќа со грав

Леќааа … Па нема повкусно. Толку ја сакам што дури сериозно истражував како сѐе може да се искомбинира за да се искористат нејзините хранливи вредности. Најпрво дознав дека најдобрата комбинација е со ориз, а потоа и со грав и наут. Леќата содржи многу протеини и магнезиум. А протеините се од витално значење за нас, посебно за децата во развој.

За да не ја консумирате во монотоно издание имам еден предлог за вас 😉.

Потребни состојки:

400 гр. Црвена леќа

400 гр. Црвен грав (од конзерва)

250 мл. Доматен сос (домашен)

1 зелена пиперка

1 црвена пиперка

2 чешниња лук

Мал кромид

лажиче куркума

лажиче црвен пипер

Сол и бибер

Најпрво леќата измијте ја, а гравот исцедете го. Во тенџере на маслиново масло ставете го сецканиот кромид и лукчето и продинстајте ги 1 мин. Додајте ги куркумата и црвениот пипер, мешајте половина минута. Потоа додадете ги сецканите пиперки и по една минута додадете ја и леќата. Мешајте 2 до 3 мин , а потоа ставете 200 мл вода.

По 10 минути додадете го гравот, ставете уште 50 мл вода да се динстаат заедно уште 10тина мин. Потоа додадете го доматниот сос и варете уште 10 минути и леќата е готова 😊

Мали совети:

За љубителите на луто, додадете пола лажиче чили на крај.

 

Никогаш не ја комбинирајте леќата со месо.

Скоро секогаш ставајте ги зачините да се пропржат, така јадењето ќе ви биде ароматично.

 

 

 

За Женски Магазин готви Маја Зивчевиќ

Create Account



Log In Your Account