Лутите луѓе умираат порано и почесто се болни
Лутите луѓе умираат порано и почесто се болни

Лутите луѓе умираат порано и почесто се болни

Доколку сакате да живеете подолго, не би требало да се лутите, односно би требало да научите да го контролирате бесот и негативните емоции.

Во истражувањето кое го спровел Универзитетот во Ајова се наведува дека лутите луѓе умираат порано, имаат проблеми со спиењето и многу други здравствени потешкотии.

Лутите мажи помеѓу 20 и 40 години имаат еден и пол пати поголема шанса да умрат 35 години порано од оние кои се смирени.

Научниците веруваат дека тоа се случува поради одредени број на фактори кои се поврзани со стресот. Адреналинот кој го покранува стресот ја уништува ДНК, што може да предизвика настанување на смртоносни болести.

Поради големиот притисок делот на мозокот поврзан со инстинктот за преживување на „лутковците“ е нервозен. Попрецизно кажано, кога дојде до лутење, тој дел „Мисли“ дека организмот е во опасност и праќа сигнал за зголемување на протокот на крвта во екстремитетите и крвта, поради што опуштањето на организмот станува скоро невозможно. Токму поради тоа лутите луѓе често не можат да спијат.

Лутината предизвикува и главоболки. Емоции како возбудување или лутење го зголемуваат испуштањето на хормонот кортизол, адреналин и тестостерон. Тоа доведува до зголемување на протокот на крв во мозокот што предизвикува отекување на крвните садови и нерви кои го опкружуваат мозокот.

Бесот пак може да предизвика и болести на белите дробови. Научниците од Хардвард ги тестирале белите дробови на 2000 мажи во текот на осум години и утврдиле дека белите дробови на испитаници кои често се лутат се во многу полоша состојба.

Лутината исто така ве прави поанкциозни и депресивни. Хормоните праќаат сигнали за брз проток на крвта и се зголемува бројот на отчукувања на срцето а напнатоста во мускулите расте. Доаѓа и до напрегање на невроните во хипоталмусот, центар за контрола на стресот, поради што не може да дојде до опуштање. Хормонот на среќа серотонин е значајно намален.

Овие лица почесто се разболуваат бидејќи премногу кортизол во организмот доведува до нарушување во рамнотежата на нивото на среќа во крвта, притисокот на штитната жлезда и намалување на густината на коските.

Освен се горе наведеното, лутите луѓе имаат поголема шанса да заболат од срцеви болести, имаат проблеми со варењето и имаат повеќе брчки, поради што изгледаат постари од што се.

Експертите советуваат да не ги потиснувате своите чувства, туку да разговарате или пишувате за нив како би ја исфрлиле негативната енергија и спречиле можни последици кои ги предизвкува бесот.

Create Account



Log In Your Account