МАСКИ ЗА СЕКОЈА ДАМА: Како да ја освежите вашата кожа со овошје?
МАСКИ ЗА СЕКОЈА ДАМА: Како да ја освежите вашата кожа со овошје?

МАСКИ ЗА СЕКОЈА ДАМА: Како да ја освежите вашата кожа со овошје?

На вашата уморна вашата кожа нормално дека и потребен одмор. Се што треба е да ја регенерирате и тонизирате кожата со состојки кои се скриени во овошјето. Изберете ги соодветните за вашата кожа и уживајте во нивните ефекти.

Јаболко – ова вкусно овошје ги содржи витамините Ц, Б1, Б2, Б6 каротен, калиум, калциум, фосфор и магнезиум. За 2 минути можете да подготвите маска против стареење, а се што ви треба е 1 жолчка од јајце изматена, 2 јаболка и 1 лажичка масло од рицинус.Оставете ја маската да делува најмалку половина час.

Лимон – содржи овошни киселини и има јак ефект на пилинг. Ставете парче лимон на вашето лице и со нежни потези ќе ги исчистите порите и ќе ги отстраните мртвите клетки. Комплетирајте го процесот со темелно миење на лицето со сок од лимон и завршете ја постапката со нанесување хидратантен крем.

Праска – ја негува и омекнува кожата. Изгмечете неколку парчиња праска и ставете ги на лицето и на вратот. По 10 минути исплакнете со ладна вода.

Јагоди – тие се карактеризираат со високо количество на витамините Ц и Д и калциум. Нанесете изгмечени јагоди на лицето. Така ќе ја снабдите кожата со витамини и минерали и ќе ги зајакнете крвните садови.

Банана – ова овошје има ефект на чистење на кожата. Се враќа свежата боја на лицето и се подобрува циркулацијата на крвта. За посилен ефект направете пире од јогурт и банана. Исплакнете со студена вода.

Create Account



Log In Your Account