Маџиров гостин во крокодиловата „Куќа за писатели“ во Белград
Маџиров гостин во крокодиловата „Куќа за писатели“ во Белград

Маџиров гостин во крокодиловата „Куќа за писатели“ во Белград

Македонскиот писател Никола Маџиров е гостин годинава во крокодиловата „Куќа за писатели“ во Белград. На 17 јануари ќе настапи како специјален гостин на книжевната вечер на писателската Ане Ристовиќ и во рамките на т.н. Крокодилова книжевна вечер, а на 24 јануари во културната установа „Пароброд“, на која ќе зборува за поезија, за сопственото творештво и за наградите.

Маџиров е добитник е наградите „Студентски збор“, „Ацо Караманов“, „Браќа Миладиновци“ и европската награда за млад поет „Хуберт Бурда“, која се доделува на автори родени во Централна и Источна Европа. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици и објавувана е во неколку избори и антологии на македонската поезија. Во 2014 британскиот Guardian ја објави листата на најдобрите педесет љубовни песни напишани во последните 50 години, на која се најде и македонскиот поет Никола Маџиров со песната „Кога некој заминува сè што е создадено се враќа“.

Поврзани написи

Create Account



Log In Your Account