Младите во Македонија подобро и полесно учат со дигиталните технологии
Младите во Македонија подобро и полесно учат со дигиталните технологии

Младите во Македонија подобро и полесно учат со дигиталните технологии

На покана од компанијата NestleЖенски Магазин имаше прилика да присуствува на панел дискусијата Start Smart, за значењето на дигитализацијата во образованието во Македонија, каде воедно беше и најавена истоимената кампања NESCAFE 3in1 за поддршка на Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски.

Со предвидената кампања NESCAFE 3in1 се планира да се собираат средства кои ќе бидат донирани за отворање на истоимениот мултимедијален центар во библиотеката.

Главниот збор го имаа Марко Цуцуловски менаџер на Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, познатата шампионка во маратон Весна Кираџиева, младиот експерт за дигитализација Нита Муча како и почесната гостинка на оваа панел дискусија Соња Шљивиќ – Бренд менаџерката на Nescafe 3in1.

Според спроведените истражувања, многумина од младите ширум светот сметаат дека дигиталните технологии доста позитивно влијаат на нивното образование и придонесуваат за полесно разбирање на темите. Во САД, минатата година анкетите покажале дека голем број од младите сакаат да ги користат и применуваат новите технологии при учењето, а 80 проценти од нив, ги користат своите персонални компјутери при извршување на своите домашни задачи.

Овие светски трендови сепак позитивно влијаат и во Македонија, а со самото препознавање на трендовите, Националната библиотека Св. Климент Охридски започна со дигитализација на своите книги и архиви. Но, процесот на дигитализација е долг и потребна е нова опрема и нова технологија, за овој процес на дигитализација да се заврши.

Марко Цуцуловски, менаџер на Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски го сподели своето мислење дека нивната примарна цел како библиотека е се она што го чуваат во своите архиви и во самата библиотека, да го направат полесно достапно за сите корисници, но со главен акцент на помладите генерации.

Познатата шампионка во маратон Весна Кираџиева која сподели дека дигиталната технологија го има променето нејзиниот начин на читање денес, додаде исто така дека зад нејзиниот спортски успех, покрај физичката подготвеност, сепак голема заслуга имаат и книгите. Таа се согласи дека на младината денес и е доста потребна дигиталната технологија и воедно им значи многу, па така и таа самата целосно ја поддржува оваа кампања.

Младиот експерт за дигитализација Нита Муча која воедно и помага при дигитализацијата на Националната универзитетска библиотека, додаде дека како што младината се навикнала денес да ги добива главните информации главно преку малите екрани, без разлика дали станува збор за нашите паметни телефони или компјутери, така и особено ќе им значи отворањето на мултимедијалниот центар, посебно на студентите.

Бренд менаџерката Соња Шљивиќ, изјави дека глобалниот бренд Nestle, смета дека подобрувањето на квалитетот на животот и создавањето на успешни заедници, сепак примарно доаѓа и започнува со образованието, каде со оваа кампања нивната примарна цел е поддршка на сите млади и талентирани лица од Македонија. Со имплементирањето на дигитализацијата како и отворањето на новиот простор за учење Nestle смета дека ова ќе им овозможи професионален напредок како и можноста да пронајдат подобри прилики за работа, а како меѓународна компанија, тие имаат одговорност да им помогнат на младите да им се обезбеди адекватно образование и вештини.

Покрај можноста читање на дигитално градиво, новиот мултимедијален Start Smart центар ќе биде достапен и да се користи за организација на работилници и обуки на младите, како и за филмски проекции и панел дискусии.

Create Account



Log In Your Account