Моќна намирница одлична за слабеење и воспаленија, уништува брчки и штити од рак
Моќна намирница одлична за слабеење и воспаленија, уништува брчки и штити од рак

Моќна намирница одлична за слабеење и воспаленија, уништува брчки и штити од рак

Во 100 грама јачмен има 354 калории. Обилува со незаситени масни киселини. Ги содржи витамините А, Д, Е и поголема количина на витамин Б12 (што е инаку ретко во растенија). Богат е со минерали како калиум, магнезиум, цинк, железо, фосфор, кобалт, флуор и јод. Јачменот е богата и пантотенска киселина (витамин Б5), кој има клучна улога во создавањето на црвените крвни зрнца и полови хормони.

Го стимулира варењето на храната и го чисти телото

Јачменот е лесно сварлив и содржи многу растворливи растителни влакна. Го подобрува варењето на храната и го одржува балансот на цревната флора. Познат како храна која го грее телото за време на зимскиот период, но, исто така, помага во  негово чистење на пролет.

Го намалува холестеролот

Холандските научници откриле дека јачменот содржи до 35 отсто незаситени масни киселини кои го намалуваат холестеролот во крвта – повеќе од било која друга житна култура. Американската агенција за храна и лекови и официјално го одобрила како храна богата со растворливи влакна која го намалува ризикот од срцеви заболувања. Богат извор на ниацин, кој дополнително го штити срцето и крвните садови.

Штити од рак на дојка и на простата

Германските истражувачи откриле дека јачменот го намалува ризикот од рак, благодарение на фитонутритиенти наречени лигнани. Резултатите од истражувањето покажале дека жените кои пред менопауза јаделе храна богата со лигнани го намалиле ризикот од добивање на рак на дојка за неверојатни 62 проценти. Од јачменот корист имаат и мажите – редовно консумирање на храна богата со лигнани го намалува ризикот од добивање на рак на простата за 82 отсто, покажале истражувањата.

Јачменова вода – универзален лек за сите видови на воспаленија

Јачменовата вода е познат народен лек за сите видови на воспаленија. Таа може да се конзумира при воспаление на респираторниот, дигестивниот и уринарниот тракт. Исто така е познато средство за ублажување на мачнини и повраќање. Една лажичка исчистен јачмен (без лушпа) ставете во еден литар ладна вода.Оставете да зоврие и оставете го на силен оган уште десет минути.Процедете со помош на газа и пијте го топло, два пати на ден. Јачмената слуз која останува по готвењето е важна диетална храна која помага при проблеми на варењето и стомачни болки. За да се ослободите од болки во грлото, на топлата јачменова вода, исто така може да и  додадете една лажичка мед и сок од еден лимон.

Ги намалува брчките

Од Јачмен може да се направи здрава, природна маска за брчките на лицето . Во еден литар вода се вари 20 грама јачменово зрно, се додека не омекне. Потоа тоа се пасира и добор се истиснува преку газа. Добиената каша се користи како маска за лице. Држете ја на лицето околу  20 минути. Потоа отстранете и на лицето ставете облоги од исцедената течност да стои 10 минути. Во исто време, напијте се една чаша топол чај од јачмен (течноста што ќе остане). За идеални резултати, повторете ја оваапостапка три пати неделно.

Редовното консумирање на јачмен: -Го намалува холестеролот -Штити од рак -Спречува ненадејни промени на глукозата во крвта -Му дава на телото голема количина на природен витамин Е -Лечи воспаление -Гопрочистува организмот -Ја подмладува, ја чисти и ја штити кожата од стареење -Помага во губење на тежината

Create Account



Log In Your Account