Мудри совети на зрелите жени: Еве што треба да знаат дамите после триесеттата
Мудри совети на зрелите жени: Еве што треба да знаат дамите после триесеттата

Мудри совети на зрелите жени: Еве што треба да знаат дамите после триесеттата

Маргарет Мејнинг е авторка на онлајн магазинот „Syxty and me“, кој е креиран за жени кои имаат преку 60 години. Нејзините текстови им претставувале на читателите некои навистина сјајни жени, а тие зборувале за своите животи.

Маргарет одлучила да ги обедини силите на сите учеснички во проектот кој има за цел да ги формулира нивните желби за младите жени.

Ова се некои од советите кои ние ги издвоивме за вас, читателките на Женски Магазин:

  • Запамти дека твојот живот не е генерална проба …туку премиера!
  • Прифати ги промените кои доаѓаат со годините со милост. Биди своја.
  • Годините се само број кој не одредува кој си ти.
  • Пронајди хоби во кое уживаш. Тоа ќе ти помогне да ја промениш својата дневна рутина.
  • Секогаш биди искрена со себе. Тоа можеби е тешко, но ќе ти оди во корист.
  • Заборави на општествените стереотипи за стареењето.
  • Не грижи се дали ќе остариш, грижи се да не ти биде досадно.
  • Никогаш немој да престанеш да бараш инспирација.
  • Учи, читај, патувај.
  • Грижи се за својата коса и смеј се.
  • Купувај си класична облека. Класиката секогаш е во мода.
  • Не троши ги своите пари на обувки: Мажите не гледаат во твоите стапала, гледаат во твоите колена.
  • Не комплицирај, држи се до едноставни работи.
  • Сакај и однесувај се кон твоето семејство на начин на кој би сакала тие да се однесуваат кон тебе.
  • Не постои совршено време за деца. Кога навистина ги сакаш, тогаш би требало да ги имаш.
  • Би требало да сочувствуваш не само со другите туку и со самата себе.
  • Научи да простуваш.
  • Пази на кругот блиски пријатели, и не дозволувај во него да влезат погрешни луѓе. Тоа е многу важно.
  • Чувај го своето семејство. Тие секогаш ќе бидат тука за тебе и секогаш ќе ти помогнат, без разлика на се.
  • Никогаш не оди на спиење ако си лута на себе или некој друг.
  • Говори им на своите блиски пријатели и семејство дека ги сакаш што почесто.
  • Ќе процветаш по 30-тата година. Цени ја својата убавина.
Поврзани написи

Create Account



Log In Your Account