МУДРОСТИ НА Марија Монтесори: Заповеди кои ќе ви помогнат да станете подобар родител
МУДРОСТИ НА Марија Монтесори: Заповеди кои ќе ви помогнат да станете подобар родител

МУДРОСТИ НА Марија Монтесори: Заповеди кои ќе ви помогнат да станете подобар родител

Марија Монтесори, родена во Италија, е познат педагог, лекар и творец на педагошките методи Монтесори. Таа е заслужна за промената на ставот во однос на одгледувањето на деца во 20-тиот век. Позната е по нејзините кратки, но впечатливи заповеди кои треба да ги знае секој родител.

Советуваме да ги прочитате од време на време.

1. Децата учат од нивното опкружување.

2. Ако често го критикуваме детето, тоа ќе научи да ги осудува другите.

3. Ако често го фалиме детето, тоа ќе научи како да ги цени другите.

4. Ако се однесуваме непријателски спрема детето, тоа ќе научи да се тепа.

5. Ако сте искрени со вашето дете, тоа ќе научи што значи праведност.

6. Ако често го исмејувате детето, тоа ќе стане срамежливо.

7. Ако детето се чувствува сигурно, тоа ќе научи да им верува на луѓето.

8. Ако на детето често му се обраќаме со зборовите „срам те било“, тоа ќе научи постојано да се чувствува виновно.

9. Ако често го охрабруваме детето, тоа ќе стекне голема самодоверба.

10. Ако на детето му пружите поддршка, тоа ќе стане самоуверено.

11. Ако детето живее во опкружување со пријателска атмосфера, ќе научи како да ја пронајде љубовта.

12. Никогаш не зборувајте лошо за детето, било да е тоа во или надвор од негово присуство.

13. Фокусирајте се на тоа да ги развивате добрите страни кај вашето дете. Така нема да има простор за лошите.

14. Секогаш сослушајте го и одговорете на детското прашање или молба доколку детето ви се обрати.

15. Почитувајте го детето дури и кога ќе згреши. Така многу брзо ќе може да ја поправи својата грешка.

16. Секогаш бидете подготвени да му помогнете на детето ако му треба помош, но повлечете се кога ќе видите дека се снаоѓа.

17. Помогнете му на детето рано да ги совлада работите. Тоа ќе го направите на тој начин што ќе се погрижите светот околу него да биде исполнет со мир, љубов и позитивна енергија.

18. Пред детето секогаш однесувајте се убаво. Покажете му како да го извлече најдоброто од себе.

19. Почитувајте го времето на детето кога одмара, ги набљудува активностите на другите деца или размислува за нешто што правело. Немојте да му се обраќате или да го терате на некоја друга активност.

Create Account



Log In Your Account