Направете си оброк „енергетска бомба“
Направете си оброк „енергетска бомба“

Направете си оброк „енергетска бомба“

Овој оброк „витаминска бомба“ е многу добар  за зголемување на хемоглобинот и подобрување на општата крвна слика.

Ќе го направите брзо и лесно, а освен тоа е и вкусен.

СОСТОЈКИ:

– 200 мл мед – 200 гр јатки ореви – 200 гр суво грозје – 200 мл сок од морков – 200 мл сок од цвекло – 2 лимони

Лимоните исечете ги на половина и отстранете ги семките. Смелете ги во машина за мелење месо, а потоа ставете ги во еден сад.

На смесата од мелениот лимон додадете мед, сок од цвекло и сок од морков. Измешајте. Потоа во оваа смеса додадете ситно сецкани ореви и суво грозје. Измешајте повторно. Ќе добиете литарска тегла, многу вкусна и лековита смеса. Чувајте ја во фрижидер. Земајте по 3 пати дневно по една супена лажица пред јадење.

Create Account



Log In Your Account