Најдобар извор на протеини корисни за слабеење
Најдобар извор на протеини корисни за слабеење

Најдобар извор на протеини корисни за слабеење

Протеините се многу добар избор ако се борите со вишокот килограми бидејќи даваат чувство на ситост и ја поттикнуваат работата на метаболизмот.

Во продолжение ќе ви наброиме во кои намирници има протеини и кои треба да ги ставите на вашата листа за исхрана.

Јајца

Погрижете се денот да го започнете со јајца. При диетите од овој тип дозволени се и до пет јајца дневно. Комбинирајте го појадокот со парче авокадо (кое заситува, а не содржи јагленохидрати), малку путер, малку спанаќ или печурки.

Тофу сирење -Содржи многу манган, а овој минерал се употребува за зајакнување на коските, побрзо варење на јагленохидратите и намалување на холестеролот. Тофу содржи 24 г незаситени масти што е добро за протокот на крвта и забрзување на метаболизмот. Тофу дополнително и ќе ви помогне побргу да се опоравите од тренингот.

Лосос

Готвениот лосос е вреден извор на протиени, а освен тоа содржи и омега 3-масни киселини кои се многу добри за слабеење бидејќи поттикнуваат согорување на масностии и даваат чувство на ситост. Освен тоа, лососот содржи и многу малку калории па е идеален избор за сите кои имаат проблеми со вишок килограми.

Конзервирана туна

Баш како и лососот, и туната има вредни протеини, а разликата е во тоа што конзервираната туна е многу поевтина па е пристапна за сите. Може да се подготви на безброј начини, а многу е вкусна во комбинација со тестенини или како додаток на разни салати.

Create Account



Log In Your Account