Најчести грешки кои ги правите во секојдневното шминкање
Најчести грешки кои ги правите во секојдневното шминкање

Најчести грешки кои ги правите во секојдневното шминкање

Единствено правило кога  е во прашање шминкањето е да го извлечете најдоброто од вашето лице. Меѓутоа, поголем дел од жените ги прават овие грешки, па изгледаат постаро.

Користите погрешна нијанса на руменило

Руменилото е ваш пријател, но може да стане и ваш непријател доколку користите премногу светли или темни нијанси. Нежно светлите бои на руменило ќе направат да изгледате помладо, додека пак темните ќе ве направат да изгледате изморено.

Не ја негувате кожата

Сувата, изморената, мрсната и испуканата кожа е најлоша подлога за шминкање. По чистење на лицето, обавезно ставете хидратирана крема со заштитни фактори.

Ставате блескави сенки на очниот капак

Светлите сенки ги нагласуваат брчките, па затоа најдобро е да ги ставате на средина на очниот капак или аголот на окото.

Користите многу пудра

Со годините нашата кожа станува посува, па е потребна почеста хидратација. Пудрата ја апсорбира влагата, поради што изгледа уморна и сува. Ако морате, нанесете малку пудра на динамичните делови.

Не ја бришете шминката пред спиење

Бришењето на шминката е важен чекор за негата на кожата кој не смеете да го прескокнете. Ако не го правите ова, кожата ќе ви изгледа уморно, ќе имате брчки, а може да добиете и инфекција.

Не ставате кармин

Како стареете се губи пигментацијата на усните, па затоа ставаме боја, но не треба да претеруваме. Ако сакате да изгледате младо,  избегнувајте темни нијанси.

Несредени веѓи

Веѓите се многу важни бидејќи тие ги оформуваат очите. Со текот на годините веѓите стануваат поретки, а за да ги обликувате користете молив, сенка или гел.

Create Account



Log In Your Account