На кафе
На кафе

На кафе

Ако стиснеме желба со среден прст
во талогот на душата –
– ќе видиме ли внатре
низ кои етапи ќе ни минуваат
напластените дамари,
дур ни се оствари?
Ќе си го ближнеме ли прстот
додека не ни стане пелин иднината?
Стави по едно espresso ristretto.
Ќе си гледаме в очи,
стискајќи ги дланките.

За Женски магазин, поетесата Тања Кармзова-Костиглиола

Create Account



Log In Your Account