Неколку идеи како може да ги искористите копчињата
Неколку идеи како може да ги искористите копчињата

Неколку идеи како може да ги искористите копчињата

Дома можеби повеќето  од вас, имате мал склад од стари копчиња. Освен што служат за закопчување, може да ги искористиме за нешто креативно. Од нив може да изработите накит, додатоци, украси и сè што е плод на нашата креативност. За да направите накит и додатоци, може да искористите декоративни ленти, синџирчиња, стегачи, алки за прстени, рибарски конец, врвки и се разбира копчиња. Колку поинтересни копчиња, толку поинтересни креации.

Направете стегачи за коса. Земете обичен стегач, протнете го низ отворите на копчето и стегачот е спремен.

Можете да направите и интересни прстени. Можете да искористите алка од стар прстен и копче. Залепете го копчето и прстенот е готов.

Направете ланче со синџирче. Земете едно тенко синџирче, направете распоред на редење на копчињата и прикачете ги со помош на алки или рибарски конец.

Направете алка од копчиња. Земете врвка или декоративна лента. На декоративната лента сошијте ги копчињата со рибарски конец и прикачете на краевите закачувач. Можете друга алка да направите со врвка, протнете ја врвката низ отворите на копчињата и на крајот место закачувач, може да го искористите крајното копче.

Направете убав комплет од ланче и обетки. Земете декоративна лента и сошијте ги копчињата со помош на рибарски конец. На крајот од лентата ставете закопчувач. За обетките земете закачалки за обетки и прикачете ги копчињата на нив.

Со големи копчиња направете венче. Потребна ви е лента да ја протнете низ копчињата и венче на кое ќе ги прикачите или залепите.

Крајниот резултат е уникатен накит и додатоци.

 

 

За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Create Account



Log In Your Account