НИНА ЈАНЕВА ЗА НОВАТА ПЕСНА „ОВА Е КРАЈ“: Александар ми е најголемиот критичар

Новата блуз-балада на поп-пејачката Нина Јанева „Ова е крај“ е како што вели Нина, песна по нејзин мерак. Ја напиша познатиот композитор Александар Масевски, а спотот го изработи Александар Ристовски- Принц. [caption id="attachment_16292" align="aligncenter" width="640"] На Евровизија нема потреба да си ја уништам кариерата заради негативни коментари од кои во оваа нација се чини дека што и да направиш-нема бегање.- Нина Јанева во новиот спот[/caption] Идејата за песната е комплетно на Масе. Јас само му кажав каков тип на музика би сакала да изведувам, нешто што малку поретко се негува, како на пример блузот. Го сакам стариот звук, не сакам песни полни електроника и пеглање на вокали“, изјави Нина, која важи за една од нашите најквалитетни вокали. Снимањето на спотот помина во супер позитивна атмосфера. Екипата на Принц се одлични момци кои најпрофесионално си го одработија својот дел и многу им благодарам за тоа. Зорица Николова ми е и приватно другарка, но овој пат и прв пат се сретнавме професионално. Принц е генијално талентиран и не му требаше многу време да ме прочита да сфати што сакам во едно видео. Приказната е едноставна: крај на една љубов, врска која заради непознат фактор завршила. Приказна во која можат да се најдат многу луѓе. Не сакавме да има филозофија бидејќи песната е доволно јасна сама по себе“, раскажа Нина за приказната на спотот. Емотивната песна со тажен наслов која наиде на многу позитивни критики од публиката, за неа доаѓа токму кога е среќна и исполнета во љубовта. Лани во мај, таа се сврши со Александар Николовски. [caption id="attachment_16293" align="aligncenter" width="640"] Го сакам стариот звук, не сакам песни полни електроника и пеглање на вокали“, изјави Нина, која важи за една од нашите најквалитетни вокали[/caption] Секогаш имам полна поддршка од Александар кога станува збор за музиката. Да не звучи како клише, но покрај моите родители во минатото и тој сега ми е најголем критичар и поддршка. Апсолутно му се допаѓа целиот проект“, изјави Нина. Во претходно интервју за Женски магазин, таа изјави дека не сака класична свадба, туку модерна забава. Со пејачката која на социјалните мрежи секогаш отворено ги искажува своите ставови, го искоментиравме и Евросонг. Иако има евровизиско искуство како придружен вокал на Есма и на Лозано на „Евросонг“ во 2013 година, Нина вели дека не е сигурна дали пак би настапувала. [caption id="attachment_16294" align="aligncenter" width="640"] Снимањето на спотот помина во супер позитивна атмосфера. Екипата на Принц се одлични момци.- Нина со Принц[/caption] Искрено, имаше еден период во кој размислував за тоа и за фактот што единственото место за претставување на Република Македонија како држава за нас пејачите е Евровизија. Но, таа амбиција никогаш не живна како некоја особена желба затоа што сметам дека нема потреба да си ја уништам кариерата заради негативни коментари од кои во оваа нација се чини дека што и да направиш-нема бегање. Бев, ја доживеав сцената, одлично си поминав. Дали некогаш ќе одлучам да се натпреварувам за тоа, не знам. Никогаш не вели никогаш“, изјави Нина. За Женски магазин, Милица Џаровска