ОФИЦИЈАЛНО: Во 2018 се жени принцот Хари
ОФИЦИЈАЛНО: Во 2018 се жени принцот Хари

ОФИЦИЈАЛНО: Во 2018 се жени принцот Хари

Во странските, но и домашни медиуми денеска одекна веста дека веридбата на принцот Хари и американската актерка Меган Маркл официјално е објавена.

Во соопштението кое кралското семејство им го испрати на медиумите пишува дека принцот и актерката се свршени веќе месец, а и дека нивната венчавка ќе се одржи пролетта во 2018 година. Парот кој веќе долго време предизвикува големо медиумско внимание, ќе живее во кралската палата Кенсингтон.

Семејството на Принцот им даде благослов на младите, како и родителите на Меган Маркл, стои во соопштението.

Објавата на веридбата е потврдена и на Инстаграм профилот на кралското семејство, каде веќе пристигнуваат честитки од сите страни на светот.

Ова лето Принцот Хари ја одведе Меган на роматичен одмор во Боцвана, за нејзиниот 36-ти роденден, што ги загреа трачевите дека тогаш ќе се случи запросувањето.

Нивното прво заедничко појавување беше во септември, кога одеа на „Invictus Games“ во Торонто. Како што пишуваат странските медиуми, Меган Маркл ја напуштила серијата „Suits“ за да се пресели во Лондон (од Торонто),за да биде  со принцот Хари.

Хари многу малку говореше за нивната врска. Маркл за септемвриското издание „Vanity Fair“ во интервју изјавил:

„Ние сме пар. Заљубени сме.

…Се надевам дека луѓето ќе разберат дека сега е нашето време. И тоа е она што го прави посебно, тоа е само наше. И среќни сме“.

Create Account



Log In Your Account