Пејачката за хоророт во бракот: Тој ме дрогираше и малтретираше, ја заведе и дадилката!
Пејачката за хоророт во бракот: Тој ме дрогираше и малтретираше, ја заведе и дадилката!

Пејачката за хоророт во бракот: Тој ме дрогираше и малтретираше, ја заведе и дадилката!

Нови детали од некогаш убавиот пар Мел Би и нејзиниот сопруг Стефен Белафонте ја шокираа јавноста.

Скандалот настана кога некогашната членка на групата “Spice girls” ја обвини дадилката која навела дека Мел Би инсистирала и таа да се вклучи во сексуалните односи со нејзиниот тогашен сопруг Стефен.

Мел Би сето тоа наводно го снимала со камера, тврдела пред извесно време нивната куќна помошничка.

Се зборуваше дека Мел трошела многу пари, се изживувала на различни начини и никој не ја доживувал како скромна дама. Меѓутоа сега госпоѓа Мелани Џенин Браун имала многу што да каже во своја одбрана.

Мел Би се појави на суд како би сведочела против сопругот со кој е во бракоразводна постапка.

-Во текот на десет години брак тој ме дрогираше, малтретираше, ме тераше да смркам кокаин, а потоа би ги снимал нашите интимни односи. Ја заведе и дадилката и ѝ плати за абортирање. Сакам себе и децата да ги заштитам од него, затоа барам забрана за приоѓање-рекла Мел на сослушувањето.

Во бракоразводна парница се веќе шест месеци, но Мел изнесува и факти кои се косат со оние тврдења дека всушност таа била голем распиник во брачната заедница.

 

„Покрај сето тоа тој и финансиски ме уништи за да одржи привид на гламур. Не ми ги даваше картичките, и немав ниту пари да го посетам татко ми кој е на смрт“, рекла Мел, пренесуваат странските медиуми.

Поврзани написи

Create Account



Log In Your Account