ПЕЈАЧКАТА РЕБЕКА СО СОПРУГОТ И СО ДЕЦАТА ОДИ НА ДВЕ ОДДЕЛНИ ЗИМУВАЊА: Невозможна мисија е да сме сите заедно на одмор

Ако одиме сите петмина на одмор, имаме проблем со наоѓање на соодветни соби. А со двајца возрасни и со три деца од кои едното бара многу поголемо внимание, да одиме заедно е речиси невозможна мисија. Кога ќе пораснат близнаците ќе биде многу поедноставно [caption id="attachment_15730" align="aligncenter" width="447"] Маркијан многу сака да се санка, заедно со мене.- Ребека со постариот син[/caption] Поп-пејачката Ребека Јанковска-Ристески сношти се врати од вториот зимски одмор, со синот Маријан (11) и сопругот Милан. Ребека со постариот син и со сопругот беше во бугарскиот зимски центар Боровец, а претходно со четиригодишните близнаци Макариј и Доротеј и со сопругот одмараа во Пампорово, Бугарија. Поради тоа што близнаците се сѐ уште мали, а Маркијан е дете кое бара големо внимание, ова е втор пат Ребека и нејзиниот сопруг на одат на два одделни одмора, овој пат по пет дена, еден со Маркијан, а еден со близнаците. [caption id="attachment_15731" align="aligncenter" width="540"] Ребека со сопругот Милан Ристески на вториот одмор, во Боровец[/caption] „Ако одиме сите петмина на одмор, имаме проблем со наоѓање на соодветни соби. А со двајца возрасни и со три деца од кои едното бара многу поголемо внимание, да одиме заедно е речиси невозможна мисија. Кога ќе пораснат близнаците ќе биде многу поедноставно. Ова е втор пат да одиме на подолг одмор одделно. Инаку, одиме заедно со една од бабите за да може да ни помага“, раскажа Ребека и низ насмевка се присети на ланското зимување. [caption id="attachment_15729" align="aligncenter" width="720"] Доротеј и Макариј уште од минатата година сами се санкаат. Јас им правам само мониторинг.- Ребека со близнаците[/caption]   „Лани беше весело. Бевме седум дена заедно: ние петмина, една баба, уште едно дете, братучед и една тетка, сестрата на мојот сопруг Мики и нејзиниот син, Даријан“ , вели пејачката и основач на здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“. Со голема љубов, таа секогаш зборува за Маркијан, кој минатата есен наполни 11 години. Пред два ипол месеци, Ребека за Женски магазин раскажа за борбата со ретката болест на синот, туберна склероза. [caption id="attachment_15734" align="aligncenter" width="590"] Маркијан сака да се вози на жичара и да пешачи[/caption] „Маркијан сака да се вози на жичара и да пешачи. Многу сака да се санка, заедно со мене. А Доротеј и Макариј уште од минатата година сами се санкаат. Јас им правам само мониторинг“, ни рече Ребека и се присети на првото зимовање на близнаците, за кое вели дека било вистинска авантура. [caption id="attachment_15733" align="aligncenter" width="528"] Доротеј и Макариј уште од минатата година сами се санкаат. Јас им правам само мониторинг.- Ребека со близнаците[/caption] „ На само три месеци, Макариј и Доротеј ги однесовме во Маврово, затоа што во Скопје воздухот беше многу загаден. Бевме сите заедно, плус две баби. Беше со нас и Кјара, ќерката на сестра ми, Хелена, Даријан и Данило, внуците од сестрата на Мики, и секој ден на гости ни доаѓаа кумашините со бебето, ќерката Дарија. Доаѓаше на гости и пријателка на мајка ми со бебе, и плус некои други братучеди кои поминуваа на кафе, на еден- два часа. Е, тоа беше вистинска авантура и незаборавен зимски одмор. Бабите и јас со шест деца, татковците скијаа, а јас ги доев двете бебиња“, ни изјави Ребека и додаде дека и таа е скијач, но последниве години поради потребите на децата не може да си го дозволи тоа. [caption id="attachment_15732" align="aligncenter" width="540"] Првото зимовање со Макариј и со Доротеј кога беа бебеиња беше вистинска авантура[/caption] За Женски магазин, Милица Џаровска